мини|300п|Гигантомахија: Дионис до напаѓа Гигантот (околу 460 г.п.н.е.) во Лувр
Гигантите () во старогрчката митологија, според Хесиод, се божествени суштества, деца на Геја (Земјата), која била оплодена со крвта на Уран (Небото) откако Крон, неговиот син го кастрирал.Хесиод „Теогонија“ (185.)Паралелно со раѓањето на Гигантите е и раѓањето на Афродита од слично оплоденото море. Според Хомер, пак, тоа биле големи, диви луѓе кои живееле на Запад, но ги искорениле зашто биле дрски кон Боговите.Хомер, „Одисеја“ (VII./59., 206.; X./120.) Родени се со грозен лик и змејски опашки. Тие фрлале камења и запалени дабови кон небото, му ги украле стадата на ХелијАполодор, Митолошка библиотека (I./34.), ги напаѓале луѓето и се обиделе да ја силуваат АфродитаСтрабон: Географија (XI./2.10).
Откако Титаните не успеале, Гигантите се обиделе да ја срушат власта на Боговите, па започнале војна со нив. Таа војна е наречена Гигантомахија.
Гигантомахија
Геја многу се налутила по поразот на Титаните и нивното затворање во Тартар, па ги поттикнала Гигантите на борба против Олимписките богови и враќање на владеењето на Титаните.Karl Kerenyi, Грчките богови, 1951:28–30; Gigantomachy: Sculpture & Vase Representations . Бидејќи немале голема сила да ги достигнат новите богови, Гигантите започнале да рушат сè што ќе допрат. Надевајќи се дека така ќе се качат на Олимп, тие ги ределе планините од Тесалија, Пелион и Оса, една врз друга. Нив ги предводел гигантот Антеј.
Според митот, од ова рушење настанале и многубројните острови во Егејско Море. Гигантите биле несопирливи и непобедливи. Но, Зевс дознал дека тие можат да бидат уништени само од полубог (дете на бог и човек), па затоа ѝ наложил на Атина да го повика Херакле. Кога го слушнала тоа, Геја се обидела да им помогне на своите синови Гиганти, и да ја пронајде тревката која ги штитела од човечко оружје, но не успеала да ја пронајде зашто Зевс им забранил на Хелиј и Селена да ја осветлуваат Земјата, а самиот тој ги искорнал сите такви билки. мини|300п|Падот на Гигантите Херакле се оѕвал на барањето на Атина и со стрела натопена во отровната крв на страшната Хидра го погодил Алкионеј, кој паднал на земјата, па потоа Херакле го фрлил преку границата на Палена, зашто во родниот крај тие биле бесмртни. На страната на Зевс, како и во војната со Титаните, повторно застанале Посејдон, Аполон и Хефест, но сепак, решавачко за победата е учеството на Херакле кој, освен Алкионеј убил и многу други Гиганти. Прво Зевс ги погодувал со својата молња, па тој ги докрајчувал на земјата.http://www.theoi.com/Гиганти/Gigantes.html Така, Гигантите ја изгубиле војната, а на престолот останале да владеат Олимписките богови.
Според некои варијанти на митовитеСтрабон: Географија (VII./1.5; X./5.9), повеќе Гиганти, покрај Аристеј, ја преживеале војната и побегнале во Леука и на островот Микон. Според друга варијанта, пак, тие биле затворени во Темнината, односно Ереб, и од нивната крв Геја ја родила новата раса луѓеОвидиј: Метаморфози (I./151.), а според трета,Филостарт Постариот Imagines (2.17), боговите ги закопале под земја и нивното движење ги предизвикува земјотресите и ерупциите на вулкабите.
Гигантомахијата е чест мотив отсликан на вазните од V век пред нашата ера.
Гиганти
Гиганти биле:
мини|250п|Гигантомахија мини|250п|Посејдон и Гигантот Агастен Агриј - братот на ОријАнтонин Либерал: Метаморфози (21.), го убиле Мојрите со бронзени боздоганиАполодор: Митолошка библиотека (I./34) Азеј - се борел и во Титаномахијата; Алкионеј () - кралот на Гигантите кој е убиен од Херакле, бил бесмртен во својот дом во Палена, па Херакле го фрлил далеку од таму; Антеј (Гигантот кој во Пеколот од Данте ќе ги симне двајцата поети во деветтиот круг); Аристеј - спрема повеќето извори е единствениот Гигант кој ја преживеал војната; Астреј (веројатно заменет со истоимениот Титан) Атос () Дамис - најподвижен и најбрз Гигант, убиен е во војната, а спрема една варијанта, Хирон го есхумирал неговото тело и извадил коска од него што ја ставил во петицата на АхилФотиј: Myriobiblon (190.) Евбеј Евриал Евримедон Еврит - го убил Дионис со својот стап Егеон - Артемида го убила со стрели во Гигантомахија; Емфит Енклеад () - Атина го победила кај Етна фрлајќи го островот Сицилија врз него Аполодор: Митолошка бибиотека (I./38); Еуфорб Ефијалт (веројатно заменет со истоимениот џин, братото на Ото; Ехион () Јапет (веројатно заменет со истоимениот Титан) Кеј (веројатно заменет со истоимениот Титан) Клитиј () - Хеката го запалила со факел или Херакле врз него фрлил вжарено железо; Леон - носел заштитна лавовска кожа Милин - го убил Зевс на КритДиодор Сицилиски: Bibliotheca historica (V./71.2) Мимант - го убил Хефест со проектил од растопено железо; Мимон - бил израснат од Арес (веројатно е исто со Мим) Молиј - противник на Хелиј, убиен на островот Ејеј, од неговата крв се создала истоимената волшебна тревка; Олимп - очувот на Зевс Ориј - братот на Агриј; От (веројатно заменет со истоимениот џин, братот на Ефијалт) Палас () (веројатно заменет со истоимениот Титан) Панкрат Полибот - се борел против Посејдон; Пелореј - Гигантот со многу раце, се борел на планината Пелион; Порфирион - се обидел да ја силува Хера, па Зевс го срушил со молња, а Херакле со стрела; Рек Сикеј - Зевс го гонел до Килкилија, а Геја за да го скрие го претворила во смоквино дрво; Теодам Теомид Тифеј Тон - го убиле Мојрите со бронзените боздогани Ураниј - именуван по татко му Уран; Фетиј - го убила Хера; Хипербиј Хиполит - го убил Хермес со меч; Хтониј.
Наводи
Надворешни врски
Гигантите во класичната литература и уметноста
Категорија:Старогрчка митологија