Етер () — еден од исконските богови, бог на светлината, син на Ереб, богот на вечната темнина и Никта, божицата на ноќта. Етeр е отелотворување на проѕирното синило што го опкружува светот и горниот воздух, што го дишат божествата.Grimal p. 22; The Oxford Classical Dictionary, „Етер“, p. 33. Во антиката за него не се подигале храмови и не претставувал култно божество, а во митовите обично се појавува со сестра му Хемера, божицата на денот. Етер се појавува и под името Акмон, што значи „метеор“ или „наковална“. Старите Грци со неговото име го нарекувале она што е попроѕирно и полесно од воздухот, како и височините каде се наоѓаат боговите и ѕвездите. Понекогаш со неговото име се нарекувале и небото и космосот. Денес, пак, зборот етер што потекнува од митовите, се употребува во науките; физиката, хемијата итн.

Во митологијата Во „Теогонија“ од Хесиод, Етер е син на Ереб и Никта, и брат на Хемера.Хесиод, Теогонија 124–125; Ганц, стр. 4.

Според поетот Алкман, Етер бил татко на Уран, персонификација на небото. Додека Етер бил персонификација на горното небо, рајот, Уран бил самото небо.

Според римскиот митолог Хигинс, пак, Етер бил син на Хаос и Калиго (Темнината), а им бил брат на Ноќта, Темнината и Денот. Со Денот ги изродиле Небото, Земјата и Морето, но се спомнува и како татко на Океан, Темида, Тартар, Бријареј и други божества.Hyginus, Fabulae Preface.

Во уметноста Во уметноста Етер е претставуван како убаво младо момче. Го има на вазните, како и на релјефот „Гигантомахија на Зевсовиот жртвеник од Пергам“, од 180 година пред нашата ера, кој се наоѓа во Берлинскиот музеј.

Наводи

Надворешни врски „Етер“ на Теои проектот

Категорија:Старогрчки богови Категорија:Старогрчка митологија