Битолскиот земјотрес во 1994 година — земјотрес кој ја зафатил Битола и околината на југозападниот дел на Македонија, на 1 септември 1994 година. 10 лица биле полесно повредени, додека во градот биле уништени фасади и покриви на некои постари градби. Земјотресот, кој имал магнитуда од 5,2 степени бил со епицентар 15 км западно Битола, околу 100 километри јужно од Скопје. Неколку постари згради биле исто така оштетени и во Кавадарци, кој е оддалечен 70 километри од Битола. Помали потреси биле почувствувани и во Демир Хисар, Ресен и Охрид.

Земјотресот бил почувствуван и во соседните Бугарија и Грција.„Дваесет години од големиот земјотрес во Битола“, „Република“, 01.09.2014.

Наводи

Литература Сотир Пановски (уредник), „Земјотресот во Битола од 1 септември 1994: зборник на трудови од научнопопуларната трибина одржана на 27 септември 1996 година во Битола“, Битола, 1996.

Категорија:Историја на Битола Категорија:Земјотреси во Македонија Категорија:Македонија во 1994 година Категорија:Земјотреси во 1994 година