Значајно културно-историско место на Кина (кин. упр. , трад. ; ) — споменик во НР Кина од културно уметничко, научно или историско значење под заштита на Државната управа за културно наследство во состав на Министерство за култура. Имаат посебен статус меѓу заштитените добра и се разликуваат од останатите нивоа на заштита поради нивното големо значење за земјата во целина. Нивното уривање е строго забрането без изречена согласност од управата.
Numbers Во 1999 г. постоеле 350.000 недвижи културни добра, од кои 70.000 уживале заштита на некое ниво, покрај 10.000.000 движни добра во државните установи. Од сите нив, 4.295 се заштитени места од државно значење (октомври 2013).
Нивоа на заштита Заштитените места од културно-историско значење () можат да бидат од следниве нивоа (степени) на заштита:
Значајни историски и културни места заштитени на државно ниво () Историски и културни места заштитени на покраинско ниво () Историски и културни места заштитени на ниво на град поделен на реони или автономен регион () Историски и културни места заштитени на ниво на околија ()
Поврзано Министерство за култура на Кина Список на светско наследство во Кина
Наводи
Надворешни врски Закон за заштита на културното богатство на НР Кина Уредба за спроведување на Законот за заштита на културните добра на НР Кина
Категорија:Историја на кинеската архитектура Категорија:Културнонаследни регистри