Палечната коска () е долга коска и заедно со лакотната коска () се надоврзуваат на коските на коренот на шаката. Делови На палечната коска се разликуваат: тело (); горен крај составен од: глава (), која има вдлабнатина за зглобување со главичката од хумерусот, околу главата се наоѓа кружна зглобна површина за зглобување со коскен засек од лакотната коска; врат (); коскена рапавост (); долен крај кој наликува на пресечена четиристрана пирамида, нејзината база претставува зглобна површина за зглобување со коренот на шепата, а на медијалната страна се наоѓа коскен засек за зглобување со улната. Латерално се протега надолу шилест израсток (). Зглобови Палечната коска заедно со лакотната коска формираат сложен зглоб () бидејќи се поврзуваат три коски: рамената коска, палечната коска и лакотната коска, така што формираат три зглоба кој функционираат како еден единствен зглоб и во него се вршат движењата на флексија, екстензија, супинација и пронација. Долните краеви на палечната коска заедно со долните краеви на лакотната коска се зглобуваат во долен радиоулнарен зглоб во кој се вршат движења на супинација и пронација. Кај животните Кај четириножните животни, товарот од телото паѓа на полупречникот и коските на долниот екстремитет. Градбата е слична кај повеќето копнени животни, но палечната коска може да се спои со лакотната коска и кај некои цицачи (како коњи). Галерија
Надворешни врски
Категорија:Анатомија Категорија:Коски