десно|мини|Шверински замок, седиште на собранието
Собрание на Мекленбург-Западна Померанија — покраински парламент на германската сојузна покраина Мекленбург-Западна Померанија. Се наоѓа во Шверин и моментално брои 71 член од пет партии. Моменталното мнозинство е претставено преку голема коалиција на двете најголеми партии во покраината, но и државата, Социјалдемократската партија и Демохристијанскиот сојуз, која дала поддршка на кабинетот на министри на министерот-претседател Ервин Зелеринг.
Главни функции на Собранието се избор на премиерот (министер-претседател), носење закони и контрола на покраинската влада.
Моментален состав
По изборите на 4 септември 2011, составот на собранието е следен:
ПартијаМестаСоцијалдемократска партија (СДП) 27Демохристијански сојуз (ДХС) 18Левица (Die Linke) 14Сојуз ’90/Зелени 7Национална демократска партија (НДП) 5
Изборите биле одржани користејќи пропорционален претставителен систем и партиите мора да го поминат цензусот од 5% за да влезат во покраинскиот парламент.
Претседатели на собранието
Име Период ПартијаКарл Молтман1946-1952СЕД Рајнер Прахтл1990-1998ДХС Хинрих Киснер1998-2002СДПСилвија Бретшнајдер2002-во службаСПД
Поврзано Мекленбург-Западна Померанија Шверин Шверински замок
Надворешни врски
Официјална страница
Мекленбург-Западна Померанија Мекленбург-Западна Померанија