Лекниц () — општина во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Општината се наоѓа 12 километри западно од германско-полската граница и 25 километри западно од Шчеќин. Општината претставува административно седиште на општинската заедница Лекниц-Пенкун.

Прекугранична соработка

Од 1992 двојазичната германско-полска гимназија е посетувана од германски и полски ученици. Во 2008 година имало 526 ученици од Германија и 161 ученик од Полска. Во 2008 дипломите им биле доделени од страна на министрите за надворешни работи на двете држави Франк-Валтер Штајнмајер и Радослав Сикорски. Откако Полска го потпишала Шенгенскиот договор, населението на Лекниц е во пораст, бидејќи трошоците за земјиште и станови се помали отколку во Полска. Многу луѓе живеат во Лекниц, а работат во Шчеќин http://www.spiegel.de/spiegel/0,1518,537930,00.html и првите економски инвестиции во Лекниц се од полски претпријатија,http://www.tagesspiegel.de/berlin/Brandenburg-Uckermark;art128,2495548 поддржани од администрацијата на Лекниц. Моментално, во градот има 7% полско население.

Познати луѓе Виктор Бауер (1915–1969), пилот

Збратимени градови

Лекниц е збратимен со следниве градови:

Засенберг, Германија Старе Чарново, Полска

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Германско-полско училиште Замок Лекниц

Категорија:Западна Померанија-Грајфсвалд Категорија:Западна Померанија Категорија:Померанија (покраина)