Гумење — археолошко наоѓалиште во преспанското село Горно Крушје. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа северно од селото, во непосредната близина на наоѓалиштето Св. Спас, каде има издолжено плато што се надоврзува на ридот Крушичка Краста. Според кажувањето на мештаните, при обработувањето на земјата тие наидувале на ѕидови од објекти. По површината има фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Св. Спас — црква и некропола од старохристијснко време; Старо Село — населба, црква и некропола од средниот век; Горно Крушје; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи