Калајџица или Слатина — археолошко наоѓалиште во битолското село Далбеговци. Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на околу 500 м југоисточно од селото, на површина од 4 хектари, каде при обработувањето на нивите се откриени тегули, четвртести тули, темели од објекти градени од камен и кал, а исто така и гробови. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Тумба — некропола од римско време; Батаци — некропола од римско време; Далбеговци; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Далбеговци