thumb|250px|Дијалекти на белорускиот јазикБеларуская мова: энцыклапедыя // Пад рэд. А. Я. Міхневіча. — Мн.: Беларуская энцыклапедыя імя Петруся Броўкі, 1994. — C. 55.: Линии:

Белоруските дијалекти, или дијалектите на белорускиот јазик, се поделени на две основни групи: североисточни и југозападни дијалекти. Овие две групи се поделени меѓусебе од среднобелоруските дијалекти. Дијалектите на белорускиот јазик се разликуваат еден од друг по акањето, присуството на тврдото „р“ во сите позиции, или во одредени ситуации, или мешањето на тврдото „р“ со мекото, присуството или отсуството на дифтонзи, ѕекање и цекање, мешање на „ч“ и „ц“ и така натака. Некои од дијалектите претставуваат преодни говори кон соседните украински или руски дијалекти.

Огромен придонес кон изучувањето на особините на белоруските говори дал академикот на Руската императорска академија Ефимиј Фјодорович Карски. По завршувањето на Втората светска војна, Институтот за лингвистика при Националната академија на Белорусија, заедно со Белорускиот државен универзитет и Педагошкиот институт на Белорусија организирале подробно и систематско изучување на белоруските дијалекти во границите на Република Белорусија. На основа на собраните материјали бил составен подетален „Дијалектолошки атлас на белорускиот јазик“Дыялекталагiчны атлас беларускай мовы. У 2-х ч. / Пад рэд. Р. І. Аванэсава. — 1963., „Лингвистичка географија и групирање на белоруските говори“Лiнгвiстычная геаграфiя i групоўка беларускiх гаворак / Пад рэд. Р. І. Аванэсава. — 1968—1969., не сите јазици во светот и не сите јазици во Европа имаат таква подробно зацврстување на научниот труд во областа на дијалектологијата.

Класификација

Во белорускиот јазик опстојуваат следниве дијалекти и говорни групиСудник М. Р. Этнаграфія Беларусі: Энцыкл. (Беларус. Сав. Энцыкл.; Э91 Рэдкал.: І. П. Шамякін (гал. рэд.) і інш. — Мн.: БелСЭ, 1989. — 575 с.:іл. ISBN 5-85700-014-9:

североисточни — витебска област, североисточнуит и централниот дел на могиловската област витебски дијалекти — истокот на витебската област полоцки дијалекти — западен и централен дел на Витебската област и северозападниот дел на Могиљовската област источномогиљовски дијалекти — исток и дел од централниот дел на Могиљовската област среднобелоруски дијалекти — од север од Гродненската, центарално преку Минската, кон југозапад кон Моголевската и североисточно кон Гомелската област југозападни дијалекти — Гродненска област, југот на Минската и Гомелската област гродненско-барановички дијалекти — Гродненска област и северот на Брестската област слуцки дијалекти — југ и југоисток на Минската област, Гомелска област мозирски дијалекти — југ на Гомелската област полески дијалекти — југозападот на Брестската област

Наводи

Поврзано Белоруски јазик

*