Податотека:Gen_injection_not_surjection.svgИнјекција. Максимум една стрелка до секој елемент во кодоменот B (од елемент од доменот А).

Во математиката, инјективна функција е функција f : A → B ако различни елементи од A се пресликуваат во различни елементи од B, односно за секој елемент b од кодоменот B постои најмногу еден елемент a од доменот А таков што f(a)=b.

Терминот инјективност и сродните термини сирјективност и биективност беа воведени од страна на Никола Бурбаки (Nicholas Bourbaki) (и група други, главно француски математичари од 20 век) кој почнувајќи од 1935 година напиша серија книги за презентирање на модерната напредна математика. Податотека:Gen_not_surjection_not_injection.svgНе е инјекција. Постои елемент во кодоменот В со две стрелки од (различни) елементи од доменот А. Основни својства Формално имаме:   е инјективна функција ако    или еквивалентно   е инјективна функција ако   Елементот се вика претслика на елементот . Претслика на секој елемент во кодоменот на една инјекција не мора да постои. Во првата слика, елементот {4} нема претслика. Baжно е да има максимум една претслика. (Види и: Сурјективна функција, Биективна функција)

Една од најважните особини на инјективните функции е тоа дека инверзна релација на инјективна функција е функција, т.н. инверзна функција. Инверзни функции како што е квадратен корен, логаритамска функција, ... имаат многу голема улога во математиката.

Кардиналност Кардиналноста на едно множество е мерка на бројот на елементите во множеството. На пример, ако A={X,Y,Z,W}, тогаш кардиналноста на А е 4 и пишуваме #A=4. Ако кардиналноста на кодоменот е помала од кардиналноста на доменот, функцијата не е инјекција. (Едноставно кажано, нема начин да се пресликаат 6 елементи во 5 елементи без дупликат.)

Примери Елементарни функции Нека f(x):ℝ→ℝ е реална функција y од реален аргумент x. (Значи влез и излез се броеви.) Графичко толкување: функцијата f е инјективна ако секоја хоризонтала права го пресекува графиконот на f во најмногу една точка (една или ниедна). Алгебарско толкување: функцијата f е инјективна ако f(xo)=f(x1) значи xo=x1.

Пример: Линеарната функција на која било коса права е инјективна, односно y=ax+b каде што a≠0 е инјекција (и сурјекција, така што е биекција). (Види линеарна функција.) Доказ: Нека xo и x1 се реални броеви. Претпоставиме дека се пресликуваат во истиот број, т.е. a·xo+b=a·x1+b. Следува a·xo=a·x1. Бидејќи a≠0, следува xo=x1. Значи кои било два броеви кои се пресликуваат во истиот број се исти. Докажано е дека функцијата y=ax+b каде што a≠0 е инјективна.

Пример: Кубната полиномна функција f(x)=x3 е инјективна. Меѓутоа, кубната полиномна функција f(x)=x3 –3x не е инјективна. Дискусија 1: Која било хоризонтална права го пресекува графиконот на f(x)=x3 точно еднаш. (Оваа функција е и сурјективна.) Дискусија 2: На пример, yo=2 има две предслики: x=–1 и x=2 , а всушност за секој y, –2≤y≤2 функцијата f(x)=x3 –3x има повеќе од една претслика, т.е. повеќе од еден x таков што f(x)=y.)

Пример: Квадратната функција f(x) = x2 не е инјективна. Двата броеви x=2 и x=-2 се пресликуваат во {4} со што е докажано дека оваа функција не е инјективна. (Оваа функција не е ниту сурјективна.)

Забелешка: Со ограничување на доменот, честопати можеме да дефинираме нова функција која е инјективна. На пример, со ограничување на доменот на квадратната функција имаме „нова“ функција, f/[0,+∞)(x):[0,+∞) → ℝ каде што f/[0,+∞)(x) = x2 која сега е инјективна функција. Оваа функција се вика рестрикцијата на f до [0,+∞).

Пример: Експоненцијалната функција f(x) = 10x е инјективна. (Оваа функција не е сурјективна.) Дискусија: Која било хоризонтална права над х-оската го пресекува графиконот на 10x точно еднаш, а останатите хоризонтални прави не го сечат графиконот ниту еднаш.

Забелешка: Инјективноста на експоненцијална функција може да се користи на следниот начин:   односно Пример:   

150px Инјекција. f(x):ℝ→ℝ (и сурјекција)220px Инјекција. f(x):ℝ→ℝ (и сурјекција)220px Не е инјекција. f(x):ℝ→ℝ (е сурјекција)220px Не е инјекција. f(x):ℝ→ℝ (не е сурјекција)220pxИнјекција. f(x):ℝ→ℝ (не е сурјекција)220pxИнјекција. f(x):(0,+∞)→ℝ (и сурјекција)

Други примери со реални функции

Пример: Инверзната функција на 10x, односно логаритамската функција со основа 10, f(x):(0,+∞)→ℝ дефиниранa со f(x)=log(x) односно y=log(x) е инјективна (и сурјективна).

Доколку двете множества A и B имаат повеќе од еден елемент, проекцијата на Декартов производ на еден од неговите фактори никогаш не е инјективна функција. Дискусија: Кардиналноста на е поголема од кардиналноста на A или B.

Наводи

Поврзано Функција Сурјективна функција Биективна функција

Надворешни врски интерактивен квиз интерактивно

Категорија:Математика Категорија:Функции Категорија:Алгебра