мини|260п|Стариот град на Засниц мини|260п|Карпите од креда во Националниот парк Јазмунд

Засниц (, пред 1993 г. ) — град на полуостровот Јазмунд во состав на островот Риген. Административно му припаѓа на округот Западна Померанија-Риген во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија.

Тој е добро познато приморско одморалиште и пристаништен град и се наоѓа близу Националниот парк Јазмунд со неговата уникатни карпи од креда. Засниц е дом на единствената зоолошка градина на Риген. Повлечената британска подморница Отус била купена од германски претприемач и била донесена во Засниц да биде пловечки музеј. Областа во Засниц е најпознати по нејзините познати карпи од креда (Kreidefelsen), кои ја поттикнувале инспирацијата кај сликарите како Каспар Давид Фридрих.

Географија

Градот Засниц се наоѓа во североисточниот дел на островот Риген, протегајќи се во источниот дел на полуостровот Јазмунд и сè до песочниот теснец Шмале Хајде на југ. Пејзажот е особено познат по неговите карпи од креда. Покрај тоа во пејзажот преовладуваат слоевите од леденото доба. Најчесто се пополнети од мали езера. Најзабележлива карпа од креда е 118-метарскиот Кенигсштул. Големи делови на градот се пошумени со различни видови дрва. Постојат ретки дрва како дива круша, дива јаболка и тиса. Градот се наоѓа на крајбрежниот брег на јужниот дел на Штубниц, 7,5 километри долга и четири километри широка букова шума. Преостанатиот дел се состои од мочуришта, плажи, ливари, пасишта и населби. Јужно од градот, близу Мукран, се наоѓа езерото Востевиц, заштитен природен резерват. Малиот поток Штајнбах тече низ самиот град.

Близу Кенигсштул се наоѓа уште едно езеро, Херта, кое има пречник од 150 метри и е до 11 метри длабоко.

Градски единици

Градот Засниц е поделен на следниве единици. Блишов, Буденхаген, Даргаст, Дрозевиц, Дубниц, Клементелвиц, Мукра, Ној Мукран, Рузевазе, Засниц, Штафел, Штубенкамер, Вердер и Востевиц.

мини|Делови на карпите на креда во Националниот парк Јазмунд: Викториин поглед (Victoria-Sicht) и Кенигсштул (Königsstuhl), погледнати од Балтичкото Море

Геологија

Самиот пејзаж на Јазмунд е геолошки многу млад. Неговото создавање започнало со крајот на последното ледено доба пред околу 12.000 години, кога топењето на мразот оставило морена. Како последица на топењето на мразот, дупките во земјата и пониските делови биле исполнети со вода. Се создал претходникот на денешното Балтичко Море, Анцилоското Езеро.

Потоа се раширила степа низ областа. Подоцна, се појавиле шуми од бор и бреза, како и дабови шуми. Во текот на последните илјада години, буковите шуми преовладуваат во областа. Пред околу 6000 години, морското ниво се издигнало на денешното ниво, со што се создал Јазмунд. Како последица на ерозијата биле создадени стрмни брегови, кој го карактеризираат пејзажот.

мини|Историска разгледница (1912) со благороднички куќи, покажувајќи ја вообичаената бањска архитектура на германските одморалишта на Балтичкото Море

Историја

мини|лево|Рибарски брод во пристаништето, 1962/63

Во 1906 двете рибарски села Крампас и Засниц биле споени во општината Засниц. Рибарското било и е важно за градот. Желбата на многу градски жители да се одмораат на море довело до крајот на век енормно да се зголеми бројот на туристи на бреговите на Балтичкото и Северното Море, како и на самиот Риген. Од 1824 забележано е дека семејството на берлинскиот теолог Фридрих Шлајермахер одело на одмор на плажа во Засниц.

мини|Денес: Луксузни историски хотели на самите плажи

Теодор Фонтане, во неговата книга Ефи Брист, го именувал нејзиниот љубовник, мајорот Фон Крампас, по рибарското село на Риген. Исто така тој пишуван за езерото Херта, со неговите вендски камења на жртвување и ја создал фразата во неговата книга: „Да патуваш на Риген е да патуваш во Засниц“.Theodor Fontane: Effi Briest; Anhang zur Entstehung, стр. 355 до стр. 104 и стр. 280, in dtv, 1995, ISBN 3-423-02366-X Јоханес Брамс и царот Вилхелм биле другите познати посетители на Засниц.

Во 1871 бил проширен патот до Засниц, а во 1891 градот бил поврзан со железничката мрежа од Берген; во 1871 постоел бродски превоз до Штетин; во 1889 постоеле морски врски до Рене (Борнхолм), Трелеборг и Мемел (денес Клајпеда). Новите врски му овозможиле на местото брзо да се развие. Се проширувала индустријата за креда, а се развивало и рибарството и рибарските производи, како и туризмот.

На почетокот на век било изградено шеталиштето на плажата. Вообичаената бањска архитектура со пансиони и хотели оставила белег на местото во тоа време. По основањето на траектните и поштенските линии, Засниц исто така станал и административно седиште.

мини|лево|Висечки мост до пристаништето (за пешаци)

Засниц не добил градски права сè до 1957. Рибарската индустрија и понатаму се развивала; меѓутоа пансионите започнале да пропаѓаат. Во 1984 било изградено ново пристаниште во градската единица Мукран за железничко поврзување помеѓу Источна Германија и Советскиот Сојуз. По 1991, траектното пристаниште - Засниц било повторно изградени за опслужување на целиот Балтички Регион.

Официјалното пишување на името на Засниц на германски јазик било „Saßnitz“ до 2 февруари 1993. Тоа било и името кое било користено при доделувањето на градските права на 23 ноември 1956.

Од 1991, историскиот град бил целосно обновен како дел од планот за промовирање на урбаниот развој; изгледот на градот значително се подобрил. Куќите во бањска архитектура биле обновени и поголем дел од нив варосани со бела боја. Старото градско пристаниште било вклучено во планот за обнова во 2000.

Во јули 2007 бил изграден висечки мост за пешаци, долг 274 метри, кој го поврзувал центарот на Засниц со пристаништето.

Демографија

Со неговиот подем како приморско одморалиште и траектно пристаниште, населението на општината Засниц растела значително од 332 во 1885 до 3.987 во 1925 и 7.826 во 1939. Понатамошното ширење на Засниц, сега издигнат на ниво на град, како траектно и рибарско пристаниште во 1957, предизвикало уште едно големо зголемување на населението (1971: 13.676; 1981: 14.944)Deutsche Verwaltungsgeschichte Pommern, Kreis Rügen , 8 август 2010 Меѓутоа, од крајот на 1980-тите, населението повторно опаднало и тоа до 11.985 во 1998 и 10.366 до крајот на 2010.Извор: Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија

Политика Грб

мини|Градско собрание

Грбот на градот бил донесен од Градскиот совет во 1959 и потврден на 1 ноември 1994. Амблемот е регистриран со број 17 во регистарот на грбови на Мекленбург-Западна Померанија.

„Грбот прикажува црвено-сребрен светилник на сина позадина, со сребрени зраци на светло. Се издигнува од горниот дел на црвениот ѕид од тули со сребрен малтер“.§1 (2) Hauptsatzung der Stadt Sassnitz

Знаме

Знамето на градот има три вертикални ленти: сина, бела и сина. Сините ленти зафаќаат две деветини од височината на знамето. Белата лента зазема пет деветини од височината и е украсена во средината со грбот на градот. Размерот на височината со должината на знамето е 3:5.

Збратимени градови

Засниц е збратимен со следниве градови: Куксхафен, Германија Трелеборг, Шведска Кингисеп, Русија Хуајан, Кина

Култура и знаменитости

Градот Засниц е најважно туристичко одредиште во Националниот парк Јазмунд, најмалиот национален парк во Германија по површина. Кенигсштул е најпривлечната точка во паркот. Со височина од 118 метри, тој е највисока точка на карпите од креда во националниот парк.

мини|Старо рибарско пристаниште мини|Старото пристаниште во Засниц мини|Подморницата Отус во пристаништето во Засниц

Од март 2004, националниот парк има центар за посетители во Кенигсштул, кој има изложби во внатрешноста за природниот свет, карпите, Балтичкото Море и буковите шуми на паркот.

На работ на Националниот парк Јазмунд се наоѓа Паркот на дивиот свет Засниц, единствениот од ваков вид на островот Риген. Музејот за креда Гуманц (Kreidemuseum Gummanz), единствениот музеј за креда во Европа, се наоѓа не далеку од Засниц близу Загард на земјиште на стара ископина на креда, која работела од 1855 до 1962, и ја користи отворената сцена за визуелни и текстуални информации, кои ја опишуваат геологијата, рударството и работењето со креда на Риген.

Пристанишна зона

„Стаклената станица“ (Glasbahnhof) ја загубила нејзината функција како последица на ширењето на новото Траектно пристаниште - Засниц и денес е дом на изложбен центар, како и на Музејот за подводна археологија (Museum für Unterwasserarchäologie). Тука се наоѓаат неколку артефакти од откривањето на бродот Ралсвик (Bootsfunde von Ralswiek).

Рибарскиот и пристаништен музеј (Fischerei- und Hafenmuseum) ја запишува историјата на рибарството на Риген и старото пристаниште во Засниц. Помеѓу изложените предмети е рибарскиот удар Хавел (Fischcutter). Во пристаништето, помеѓу рибарските и рекреативните бротчиња, се наоѓа британската подморница Отус, музејски експонат, како и крајбрежниот товарен брод, Анемари, кој бил преобразен во патнички брод во 2007.

Паркот на пеперутките Аларис (Alaris Schmetterlingspark) во Засниц е отворен од јули 2003. Паркот е дом на стотици пеперутски во тропска околина.

Згради

мини|Протестантска (евангелистичка) црква во Засниц мини|Замок Двазиден, неокласичен дворец во Засниц, изграден во 1876 и во голема мера уништен во 1947. Денес се останати само руини. (Слика од 1879)

Засниц го има најдолгото надворешно ѕидано пристаниште во Европа со должина од 1.450 метри. Изградбата започнала во 1889 и била целосно завршена во 1912. Денешното Градско собрание било проектирано од берлинскиот архитект, Густав Бер, и отворено во 1910 како бања и општински центар за членовите на обединетата парохија на Засниц. На главниот влез стои сликовит стаклен мурал кој потсетува на поранешната функција како јавна бања. Кон крајот на шумата Двазиден се наоѓа домот за стари лица на Здружението на социјални работници. Се состои од медицински центар и апартмани со станови за постари и изнемоштени лица, кој бил завршен во 2005. Стаклената станица (Glasbahnhof) и траектниот терминал на пристаништето во Засниц потсетува на 100-годишната традиција на траектните линии до Шведска и Северна Европа. Стариот град на Засниц е близу Градското собрание. Во Карлштрасе (Karlstraße) се наоѓа најстарата куќа во Засниц, јасно видлива поради нејзината сина и бела надворешност. Поради нивната архитектура, Хаус Зерозе и Вила Херта се вредни за посета. Евангелистичката црква Св. Јован се наоѓа на рид помеѓу Засниц и Крампас. Нејзината изградба започнала во 1880 по планови на градскиот архитект Адолф Герстенберг од Берлин. Отворањето се случило три години подоцна. 274-метри долгиот висечки мост, кој од 2007, го поврзува центарот на градот и пристаништето во Засниц. Замокот Двазиден се наоѓа во парк во истоимената шума. Неговите руини потсетуваат на некогашната прекрасна градба. Големиот банкар од Ахен, Адолф фон Ханземан го купил имотот во средината на век од баронот Едвард фон Барнеков. Дворецот бил изграден во периодот 1873-1876 по проектот на Фридрих Хициг во италијански неоренесансен стил. Во 1947 зградата била урната од владата на ГДР и само делови на едното крило останале. Во 2007 постоеле планови да се обнови замокот на друг начин и да се прошири во бањски град со 3.000 кревети.Rüganer Anzeiger: "Das "Weiße Schloss am Meer" in Dwasieden wird zur Kurstadt entwickelt" За жал, во очите на многумина, овие планови биле напуштени и биле подготвени планови за поверна обнова.

Историски споменици

Споменик на вајарот, Рајнхард Шмит, изграден во 1973 посветен на жртвите на фашизмот Спомен-плоча во гробиштата со споменик на социјалдемократот, Херман Беберт, кој бил убиен во 1945 поради приговор на совеста. Од 1970 училиштата за посебни потреби е именувано по него.

Спорт

СГ Емпор Засниц (SG Empor Sassnitz) со околу 700 членови е најголем спортски клуб на островот Риген. Има делови наменети за фудбал, ракомет, одбојка, тенис, пинг-понг, бадминтон, атлетика, куглање и џудо.

Редовни настани