Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Канино. Претставува населба од бронзено време. Се наоѓа на околу 2,5 км источно од селото и на околу 500 м од патот Битола-Породин-Драгош во нивите северно од Породин. Претставува височинка издолжена во основата, со димензии од 200 × 160 м и височина од 0,50 во западниот до 3,00 м во источниот дел. Со обработувањето на земјата горните слоеви се оштетени. Во 1972 година Заводот и музеј од Битола извршил заштитно ископување. Во културниот слој дебел 3 м се утврдени неколку фази на живеење од средното бронзено време, проследени со многубројни керамички садови и други археолошки предмети. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Мечкарец — наоѓалиште од непознат тип и периодЈован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678; Кули — наоѓалиште од непознат тип и период; Канино; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Канино