Мант ла Жоли (, често едноставно нарекуван Мант) — општина во департманот Ивлин во регионот Ил де Франс во северниот дел на Франција. Се наоѓа во западните предградија на Париз, на околу 48,4 километри од центарот на градот. Мант ла Жоли претставува потпрефектура.

Население

Ле Вал-Фуре, најголемиот станбен проект во општината, претставува едно големо гето и е главно населен со доселеници од Магреб — мнозинството од нив Мароканци и потсахарски доселеници, главно од Сенегал. Тој е најнова станбена област во Мант ла Жоли, изграден во шеесеттите и седумдесеттите, во кој денес живеат околу 28.000 жители од вкупно 45.000 во целата општина.

Меѓународни односи

Мант ла Жоли е збратимен со:

Маја, Португалија Хилингдон, Велика Британија Шлезвиг, Германија

Познати личности

Никола Берние (1664-1734) — композитор Силвер Кафо (1903-1993) — композитор Санди Казар (1979) — велосипедист Карл III (1361-1425) — крал на Навара Мишел Леклер (1946) — автомобилист Жан Пол Менди (1973) — боксер Филип II (1165-1223) — крал на Франција Муса Сов (1986) — сенегалски фудбалер

Галерија

Наводи INSEE

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Општини во Ивлин Категорија:Потпрефектури во Франција