Македонскиот револуционерен комитет претставува македонска национално револуционерно здружение основано во март 1917 година, по Февруарската револуција во Русија, од македонски иселеници во Петроград, Русија. Создадена е на иницијатива на истакнатите македонски дејци Димитрија Чуповски, Гаврил Константиновиќ, Антон Пешкоски (од село Тресонче, Гостиварско, 1890–1942), Глигор Угриновски (родум од Кичевско) и др.Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 875.
федералистичката концепција на Комитетот се залага за урнување на монархиите на Балканот и за создавање на Балканска Федеративна Демократска Република, којашто, како потполно рамноправни субјекти би ги вклучувала: Македонија, Грција, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Тракија, Хрватска и Словенија, на чело со еден Претседател, Сојузна влада и Совет којшто би претставувал замена за Претседателот.
Откако, по Балканските војни, Македонија била разделена на три дела, Комитетот се изјаснил за нејзино повторно обединување.
Програма за Балканска Федеративна Демократска Република
Програмата за Балканска Федеративна Демократска Република со тројниот потпис во в. "Воля Народа" (18 март 1917):
Програмата на Македонскиот револуционерен комитет e навистина радикално и директно спротивставена на бугарските социјалдемократи што во согласност со бугарската влада, како впорочем и нивните побратими од Србија и Грција, бараше "национално обединување". Овде се истакнува токму националниот ентитет на Македоците како услов за таквото федерирање на балканските народи, но во заедница на наполно рамноправни, еднакви во своите права и обврски федерални единици. Тоа во многу погледи беше нов прилог во теоријата за федерациите и значаен приод кон практичното реализирање на ваквата државна заедница. Дури по половина век во бившата југословенска федерација беше направен сличен потфат, но недокрај изведен.
Наводи
Категорија:Историја на Македонија (1912-1944)