Тетеров () — град во округот Росток, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Претставува географски центар на покраината Мекленбург-Западна Померанија. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Мекленбуршка Швајцарија, иако самиот не е дел од општинската заедница.

Во близина на градот се наоѓа Тетеровското Езеро.

Историја

мини|upright|лево|Росточка порта (Rostocker Tor); градска порта во тулна готика која води кон Росток)

Градската црква Св. Петар и Павле (Stadtkirche St. Peter und Paul) била изградена во 1215 во доцен романескнен и готски стил.

Зачувани се две порти од средновековните бедеми: Малхинска порта (Malchiner Tor) од век, денес дом на музејот за локална историја, и Росточка порта (Rostocker Tor).

Градското собрание се наоѓа на главниот плоштад. Било изградено во 1910 во необарокен стил.

Познати луѓе

Улрих Адам (р. 1950) — политичар Херта Боте (р. 1921) — воен злосторник Ханс Г. Хелмс (1932–2012) — писател и композитор Герд Кише (р. 1951) — поранешен германски фудбалер Рене Ланге (р. 1988) — германски фудбалер Јохан Хајнрих фон Тинен (1783–1850) — познат економист

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Росток (округ) Категорија:Градови во Мекленбург Категорија:Населени места основани во 13 век