Јасин Шикауи (роден во Радес на 22 септември 1986) е туниски фудбалер, офанзивен играч од средниот ред на Етуал ду Сахел и на туниската репрезентација.
Технички одлики Офанзивен играч од средниот ред или втор напаѓач со голема брзина дури и кога ја има топката во посед, а исто така е и вешт дриблер.
Клупска кариера Шикауи е роден во Радес, град во северниот дел на Тунис. Својата кариера ја започнал во екипата на Етуал ду Сахел, во Првата фудбалска лига на Тунис и го направил своето деби за првиот тим во 2004 година. Тој станал капитен на тимот на возраст од само 17 години, а во сезоната 2006-07 дал значаен придонес за освојувањето на туниското првенство. На 22 мај 2007 година, тој потпишал петгодишен договор со швајцарскиот клуб Цирих од Суперлигата. Своето деби за Цирих го направил на 22 јули, во поразот со 1-0 на гостувањето кај Базел во првото коло од сезоната 2007-08. Четири дена подоцна, Шикауи го постигнал својот прв гол во дресот на Цирих против Луцерн во победата со 4-1 на домашен терен. Во сезоната 2008-2009 со клубот го освоил првиот трофеј, кога Цирих бил станал шампион на Швајцарија. Тој поминал осум години во швајцарскиот клуб и бил капитен на клубот во еден период, забележувајќи преку 150 настапи за Цирих во сите натпреварувања.
Во 2015 година се преселил во катаркото првенство каде потпишал најпрво за Ал-Гарафа, а две години за Ал-Доха.
Во 2018 година се вратил во Етуал ду Сахел, клубот во кој ја започнал својата кариера.
Репрезентативна кариера Тој дебитирал за туниската репрезентација во 2006 година, кога тој учествувал на Светското првенство во Германија.
Титули Етуал ду Сахел Туниско првенство (1) : 2008-09
Цирих Швајцарско првенство (1) : 2008-09 Куп на Швајцарија (1) : 2013-14
Надворешни врски Јасин Шикауи на soccerway Јасин Шикауи на transfermakt Јасин Шикауи на whoscored Јасин Шикауи на espn Јасин Шикауи на Goal.com
Категорија:Туниски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Цирих Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Родени во 1986 година