десно|мини|245п|„Големата петорка“ на германската социјалдемократија - Август Бебел, Вилхелм Либкнехт, Карл Маркс, Карл Толке и Фердинанд Ласал
Фердинанд Ласал () — германски филозоф, правник, економист и политички деец од еврејско потекло.
Идеолошки ставови и општествено-политичка активност Фердинанд Ласал бил социјалист и деец на германското работничко движење. Во 1863 година, тој бил еден од основачите на Општиот германскиот работнички сојуз (Allgemeiner Deutscher Arbeiterverein), претходник на Социјалдемократската партија.F. A. Hayek, The Road to Serfdom: Text and Documents (The Definitive Edition). Chicago: The University of Chicago Press, 2007, стр. 182. Ласал бил републиканец и поддржувач на пангерманизмот, заштитник на сеопштото селективно право и противник на пристапувањето кон Прусија на Алзас-Лорен.
По повод неговата смрт, Фридрих Енгелс напишал: „Еден од најзначајните луѓе во Германија. Тој беше за нас многу несигурен пријател во сегашноста, а за иднината прилично сигурен непријател.“ Откако се дознало за Ласаловите односи со Бизмарк, Карл Маркс го заострил својот суд за него со обвинението дека „Ласал навистина ја предаде партијата.“ Слично на тоа, и Енгелс напишал дека „целата Ласалова големина се темелеше на тоа што Маркс му дозволи со години да се кити со Марксовите истражувања како со сопствени и, покрај тоа уште да ги искриви... Социјалистот Ласал го следи во чекор демагогот Ласал.“„Регистар имена“, во: Карл Маркс, Беда филозофије (Одговор на Филозофију беде г. Прудона). Култура, Београд, 1946, стр. 187-188.
Извори
Биографија на Фердинанд Ласал на руски
Наводи
Категорија:Германски филозофи Категорија:Германски политичари Категорија:Евреи Категорија:Родени во 1825 година Категорија:Починати во 1864 година