Мрсна (, Гонимо, до 1927 Μρίσνα, МриснаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μρίσνα -- Γόνιμον) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во рамките на општината Синтика, Грција. Населението брои 455 жители (2011).

Познато е како родно место на истакнатиот македонски глумец Ристо Шишков (1940-1986).

Географија Селото е сместено северозападно од градот Сер и 15 км западно од Валовишта (Сидирокастро) во Серското Поле, на десниот брег на реката Струма. На растојание од 3 км од другата страна на реката е селото Хаџи Бејлик, а на 7 км е Ветрен. Лежи на надморска височина од 35 м.

Историја

Османлиско време Во XIX век Мрсна е чифлиг во Серската Каза. Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мрсла (Mrsla) има 25 домаќинства кои се состојат од 80 Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 120-121.

В 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Помеѓу 1896 и 1900 г. селото потпаѓа под врховенството на Бугарската егзархијаИлюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр. 1. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Марсна Маала живеат 420 Македонци и 120 Роми.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 177 Според статистиката на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Мрсена се состои од 480 Македонци.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.198-199.

Припојување кон Грција По Втората балканска војна 1913 г. Мрсна влегува во состав на Грција. По Грчко-турската војна во селото се доселени Грци-бегалци, па така пописот од 1928 г. го прикажува населението како мешано староседелско (македонско) и бегалско (грчко) население, со 34 доселенички семејства со вкупно 178 луѓе.

Во 1927 г. селото е преименувано во Гонимо, со значење „плодно“.

Население

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Петрич со седиште во Градобор, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Мрсна, каде тоа е еднственото населено место.

Стопанство

Личности Ристо Шишков (1940-1986) — прочуен глумец

Поврзано Серско Поле Бутковско Езеро

Наводи

Надворешни врски Авиоснимки од Мрсна

Категорија:Синтика