Прекрасни коски (англиски: The Lovely Bones) е филм од 2009 година, во режија на Питер Џексон. Главните улоги ги толкуваат: Рејчел Вајз, Стенли Тучи, Марк Валберг, Сузан Сарандон, Мајкл Империоли и Сирша Ронан. Филмот е снимен според истоимениот роман на Алис Себолд. За својата улога, Стенли Тучи бил номиниран за наградите „Златен глобус“ и „Оскар“.„Потресна семејна приказна со необична перспектива“, Антена, број 870, 27.2.2015, стр. 3. IMBd, The Lovely Bones (2009) (пристапено на 10.10.2015)

Содржина Во филмот се раскажува за необичната судбина на Сузи Салмон, девојка на возраст од 14 години, која во декември 1973 година била убиена од серискиот убиец Џорџ Харви (го игра Тучи), на патот од училиштето до дома. Но, по смртта, таа продолжува да го гледа своето семејство на земјата, додека нејзиниот убиец е на слобода. Заробена во прекрасниот, но необичен свет, Сузи открива дека мора да избере меѓу својата желба за одмазда и желбата да види како нејзините најблиски закрепнуваат од трагедијата и продолжуваат со животот.„Потресна семејна приказна со необична перспектива“, Антена, број 870, 27.2.2015, стр. 3. IMBd, The Lovely Bones (2009) (пристапено на 10.10.2015)

Наводи

Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2009 година Категорија:Филмови на Питер Џексон Категорија:Филмови со Сузан Сарандон Категорија:Филмови со Стенли Тучи Категорија:Филмови со Марк Валберг