Бождово — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

Селото Бождово се наоѓа на 4 километри источно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 1020 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 16,046 км2.

Историја Антички и средновековен период Траги од човечка активност од доцното железо доба и антиката се пронајдени во јужниот крај на селото во месноста Гарван и месноста Оградата.

Селото (Буздово) се споменува во 1365 година во опис на манастирот Света Богородица во Мелник, издаден од деспотот Јован Углеша, во врска со постоењето на манастирски имот овдеНешева, Виолета. Мелнишкият манастир “Св. Богородица Спилеотиса” (“Св. Зонá”) в нови документи. Сборник в памет на професор Велизар Велков. София, 2009, стр. 519-531..

Османлиско Царство Селото за време на османлиското владеење било чифлик на турските бегови. Под името Божедово се наоѓа во турските даночни документи од 1659 и 1660 година. Во минатото, Бождово била мешана влашко-македонска населба.

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и било во составот на Мелничката Каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бождово (Bojdovo) е село со 42 семејства со 140 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148 – 148.. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 710 жители, од кои 250 Македонци и 460 ВласиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 240 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 570 ВласиBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187..

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 11 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 830.

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население +Население на Бождовопо попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 232 280 218 110 30 14 15 6 6

+Население по возраст од 2011 година:

Наводи

Категорија:Општина Свети Врач Категорија:Села во Пиринска Македонија