Кашина () — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Свети Врач (Сандански) на Благоевградската област, југозападна Бугарија.Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во југозападните падини на Пирин Планина, на надморска височина од 728 метри, на околу два часа пешачење од Рожен. Оддалечено е 16 километри источно од Свети Врач, административниот центар на општината, 61 километри на југ од Благоевград и 40 километри североисточно од градот Петрич.

На околу 40 минути од селото се наоѓа водопадот Скоко,,Водопади в България – Водопад „Скока“, село Кашина, Южен Пирин кој се наоѓа на Лоповска (Кашинска) река, која тече покрај селото. Куќите во селото биле изградени од природни материјали како глина, дрво и камен.

Историја Отоманско Царство алт=|лево|мини|211x211пкс|Влезот на старата црква Во текот на XIX век, селото било населено со христијани и било во составот на Демирхисарската каза на Отоманското Царство. Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ потекнува од првата половина на XIX век.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Кашина (Kachina) имало 64 домаќинства и 200 жители Македонци. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 180 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 188.

Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кашина имало 256 Македонци, патријаршисти.D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, р.192 – 193.

Во почетокот на април 1905 година врховистите, предводени од капетанот Јордан Стојанов, започнуваат поход во Мелничко против Јане Сандански. Во ноќта помеѓу 6 и 7 април, врховистите заминуваат од селото Кашина и се упатуваат кон селото Ковачево, но пред полноќ наидуваат на неочекувана заседа, организирана од Јане Сандански. Во заседата учествувале четите на Сандански, Таската Серски, Атанас Тешовалијата, сѐ на сѐ околу седумдесет комити. Борбата се одликувала со необична жестина и во престрелката загинале седум врховисти, а шест биле ранети. Меѓу загинатите врховисти биле војводите Давитко, Партениев, потпоручникот Јанков и др., а капетанот Јордан Стојанов бил ранет и одвај се спасил, оставајќи околу четириесет врховисти во заробеништво. Другите се предале и биле разоружени.

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото било доброволец во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 851

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население Кашина е мало село. Според пописот од 2011 година, во селото живееле 10 жители, сите запишани како Бугари.

На табелата е прикажан националниот состав на населението во селото: алт=View from Kashina.jpg|мини|Поглед на селото На табелата е прикажан бројот на населението во Кашина за периодот 1965-2011: година193419461956196519751985199220012011население26232432323110040272110 +Население по возраст од 2011 година:

Број на население Вкупно 10Бугари 10Турци -Роми - Останати - Не се определиле - Без одговор -

Според Националниот статистички институт на Бугарија, по проценките од 31 декември 2015 година, во Кашина имало 15 жители.

Културни и природни знаменитости мини|Димитар Кашалијата

Редовни настани На 28 август, односно на празникот на Пресвета Богородица секоја година се собираат жителите на селото да го прослават овој верски празник кој се смета за празник на селото. Во црквата се принесува курбан, се палат свеќи и има музика.

Личности Димитар Кашалијата (1880 - 6 април 1905, Кашина) - македонски револуционер, серски војвода на Македонската револуционерна организација.

Наводи

Категорија:Општина Свети Врач Категорија:Села во Пиринска Македонија