мини|260px|лево|Поглед од црквата Брелевене Лањон ( ) – француска општина во департманот Арморски Брегови во Бретања во северозападна Франција. Во 2008 година градот имал население од 19.733 жители.

Географија Лањон е град-мост над реката Легер. Близината на устието на реката Легер доведува до промена на нивото на реката од неколку метри во центарот на градот во зависност од плимата и осеката.

Историја Името на Лањон потекнува од бретонскиот „Lann Huon“, на македонски „Земја на Хуон“. Навистина најголемиот дел од подрачјето му припаѓало на лордот Хуон. Стариот кварт на Лањон привлекува многу туристи. Истиот содржи плоштади, црквата Брелевене, стари куќи и фрески.

Бретонски јазик Во 2006 година општината донела план за промоција на бретонскиот јазик. Во 2008 година 12% од децата во примарните училишта посетувале двојазична настава.

Стопанство Лањон е голем телекомуникациски истражувачки центар во Франција со повеќе компании, како Алкател-Лусент, Оранж и Сажемком, кои работат тука. Присуството на телекомуникациска индустрија во подрачјето довела образовни институции од областа.

Сообраќај Лањон има силни сообраќајни врски. Постои аеродром за внатрешен сообраќај со што Париз е на само еден час. Железничката станица обезбедува врски со возови со големи брзини (TGV, train à grande vitesse) до Брест, Сен Бриек, Рен и Париз.

мини|Црквата Св. Троица од Брелевене во Лањон

Родени во Лањон Кристоф ле Мевел — велосипедист Жоан Ле Бон — велосипедист

Категорија:Градови во Франција Категорија:Општини на Арморските Брегови Категорија:Потпрефектури во Франција