Антолог - македонска издавачка куќа со седиште во Скопје.
Историја, организација и менаџмент Антолог е основан во 1999 година од самостојниот уметник и писател Александар Кујунџиски, како продолжение на долгата и разновидна уметничка традиција на семејството Кујунџиски. Во првата деценија од постоењето (1999-2008), издавачката куќа Антолог, покрај oбјавувањето на делата на трите генерации писатели во семејството Кујунџиски, се зафаќа со првиот голем проект - приредување неколку капитални антологии со „бесмртните мисли“ на поединци и народни мудрости од цел свет, вклучително и од Македонија. Од 2009 година, Антолог засилено ги проширува своите активности: најпрво, издаваштвото се насочува кон објавување на класични и современи автори, објавувајќи внимателно одбрани дела од домашната и од светската книжевност – романи, поезија, бестселери, хаику, литература за деца, хумор и сатира, драми, раскази, антологии итн. Во овој период се оформени дваесетина едиции, а започнуваат изложувања на Саемот на книга во Скопје и гостувања на Саемот на книга во Франкфурт, а истовремено започнува издавањето на е е-списанието „Репер“ (www.reper.net.mk).
Како влог во интеркултурната и интерјазичната размена, во 2015 година, Антолог го основа Првиот фестивал на Европска литература во Македонија, „Букстар“, во чии рамки гостувале дваесетина европски автори при што биле организирани 50-тина настани, промоции, филмски проекции, разговори, дебати, тркалезни маси и музички концерти. Во 2015 година, во Дебар Маало, Антолог го отворил и својот прв Книжевен центар „Антолог“, додека две години подоцна, во центарот на Скопје била отворена Книжарницата „Антолог“.
Седиштето на Антолог се наоѓа во Скопје, во Дебар Маало, на адреса: ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29, локал 1, а официјалната адреса за електронска пошта е: [email protected].Есмахан Ајкол, Убиство во хотел Босфор. Скопје: Антолог, 2014. Главен и одговорен уредник на „Антолог“ е Жарко Кујунџиски.
Каталог на изданија Каталогот на „Антолог опфаќа повеќе изданија, како:„Читај, патувај, уживај – Саем на книга 2016 – програма на активности“, Антолог, 2016.Џорџо Манганели, Центурија. Скопје: Антолог, 2012.„Земја на љубовта“, Betty магазин, година IV, број 37, март 2017, стр. 23. Александар Кујунџиски, „Надојдени реки“ (2002) Марина Мијаковска, „Номадска душа“ (2010) Франц Кафка, „Америка“ (2011) Џорџо Манганели, „Центурија“ (2012) Есмахан Ајкол, „Убиство во хотел Босфор“ (2014) Владимир Јанковски, „Невидливи љубови“ (2015) Одни Еир, „Земја на љубовта“ (2016) Елин Хилдебранд, „Трач“ Гуљелмо Мартинес, „Бавната смрт на Лусијана Б.“ Дарко Ангеловски, „Душевен санаториум“ Мерсиха Исмајлоска, „Вкрстување на световите“ Стефан Марковски, „По трагата на белиот грифон“ Ставре Џиков, „Завет за Македонија“ Елена Конеска, „Еднаш одигравме љубов“ Милчо Мисоски, „Изневерено време“ Катерина Џатева, „Зајдисонце“ Биљана Стојановска, „Зборовите немаат значење“ Адријана Ананиева, „Срце на тротоарот“ Ања Кузмановска, „Исконска тага“ Велко Неделковски, „Златко-Златец“ Александар Кујунџиски, „И строфите растат“ Давид Машадо, „Просечен индекс на среќата“
Библиотека „Бранови“ Роберто Арлт, „Седумтемина луди“ (2016) Станислав Лем, „Едем“ (2020)
Наводи
Категорија:Македонски издавачки куќи