Св. Богородица Пречиста (понекогаш спомнувано и како Раштани) — старохристијанска базилика и средновековна црква со некропола, чиишто остатоци и рушевини од ѕидините се наоѓаат во наоѓалиштето „Раштани“, во непосредна близина на селото Злести, 30 километри северно од градот Охрид.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Средновековната црква на наоѓалиштето изградена на темели на старохристијанска базилика се верува дека била подигната за време на животот и делото на светите Климент и Наум.
Местоположба
Во месноста Раштани на 2 километри југозападно од селото Злести и на околу 400 метри десно од патот кон соседното село Ботун има блага падина на која се гледаат урнатини од црква, која жителите ја викаат „Св. Богородица Пречиста“.
Градба
Црквата е триконхална, со нартекс и егзонартекс, како и со две помали простории - анекси, кои се наоѓаат северозападно од северната и југозападно од јужната конха. Најголемата должина на црквата е 17 метри, а ширината е 9 метри. Градена е од кршен камен и варов малтер, на одделни места со тули. Ширината на ѕидовите изнесува 0,90 метри, а најголемата зачуваност е 2 метри и тоа на северниот анекс.
Пронајдоци
По ѕидовите во внатрешноста на црквата се сместени повеќе мермерни меноа, бази со орнаменти, фрагменти од столбови, мермерен праг, сите употребени како сполии. Меѓу нив има и една ара со натпис што е нечитлив. Овие податоци укажуваат дека оваа црква е подигната врз темели на старохристијанска базилика. Југозападно од неа се гледаат големи камени плочи од гробни конструкции со насоченост исток-запад. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.
Злестински манастир
Во самото наоѓалиште, во поново време е изградена новиот Злестински манастир заедно со неговата единствена манастирска црква „Рождество на Пресвета Богородица“, изградена во непосредна близина на наоѓалиштето.
Наоѓалиштето во рамките на манастирскиот двор се наоѓа во средина, со што е продолжена низата на црковни објекти кои се наоѓале на оваа месност од старохристијанскиот период до денес.
Галерија
Остатоци од градби и ѕидини на наоѓалиштето
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија Категорија:Злести