Шиш-тавук (; ; or Tavuk şiş; ) — традиционално маринирано јадење од пилешко месо, односно варијанта на шиш-ќебап од Блискоисточната кујна. Ова јадење е вообичаено во Турција, Азербејџан, Либан, Египет, Јордан, Сирија, Ирак, и Израел. Варијанта на ова јадење што се подготвува во Иранската кујна, се нарекува џуџе-ќебап. Се служи во голем број ќебапчилници во разни градови низ светот.
Потекло на поимот Шиш е турски збор за меч или ражен, а тавук доаѓа од стариот туркиски Тагаку, и значи „пиле“.
Подготовка и сервирање Јадењето се состои од коцки пилешко месо кои се маринирани, а потоа печени на ражен. Најчесто маринадата се состои од јогурт и сок од лимони, или доматно пире, но постојат и други варијанти. Се конзумира во вид на сендвич, или пак на чинија во комбинација со зеленчук, со ориз или помфрит. Турската варијанта на ова јадење најчесто се служи со ориз, јогурт и зеленчук печен на скара. Во Сирија и Либан најчесто се служи со сос од лук, со хумус и со салата од табуле. Во сендвичот се додава: салата, домат, и кисела репка. Во Израел се служи со таан, пржен кромид, пита лепче, печени лути пиперки (најчесто чили), салата од табуле и туршија (маслинки, моркови, бабури, зелка и репка).
Поврзано Список на ќебапи
Наводи
Категорија:Арапска кујна Категорија:Турска кујна Категорија:Израелска кујна Категорија:Египетска кујна Категорија:Ќебапи