Религијата во Гамбија има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Постојат поголем број на религиозни групи, а најголеми се исламот и христијанството. Околу 95.7% од населението се муслимани а 4.2% се христијани според CIA factbook.
Членовите 17, 25, 32, 33 и 212 од Уставот гарантираат за заштита при слободата на религија. Член 60 од Уставот забранува формирање политички партии кои се формираат врз религиозна основа.
Ислам thumb|right|250п|Џамија во Гамбија thumb|right|250п|Црква во Гамбија
Најголемиот дел од муслиманите се сунити кои припаѓаат на Маликиската школа, под влијание на суфизмот, додека има и верници од редот Тиџанија и КадиријаInternational Religious Freedom Report 2007: Gambia. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (September 14, 2007). Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.. Суфиските редови се молат заедно во заеднички џамии.
Христијанство
Се проценува дека 4,2% од населението е христијанско, а помалку од 1% ја имаат старата традиционална религија. Христијанската заедница, која се наоѓа главно во западниот и јужниот дел на земјата, е претежно римокатоличка, но исто така има и неколку протестантски групи, вклучувајќи ги и англиканците, Методистите, Баптистите, Адвентистите итн.
Останати
Во земјата постои и мала група следбеници на бахајството и на хиндуизмот.
Права
Мешаните бракови меѓу муслиманите и христијаните се честа појава.. Во некои области, исламот и христијанството се практикуваат со африканската традиционална религија. Постојат неколку атеисти во земјата.
Наводи