„Плакир“ или “Грижула“ — пасторала на хрватскиот писател Марин Држиќ. За разлика од првите две пасторали на Држиќ кои се напишани во стихови, ова дело е напишано во проза испреплетена со стихови кои веројатно се пееле.
Осврт кон делото Она што ја издвојува оваа пасторала од другите слични дела на Држиќ е тоа што се одликува со поголем квалитет и што, покрај фантастичните сцени, во неа се појавуваат и слики и ликови од реалниот живот. На пример, една од слугинките во драмата вели: „За мене нема полош спомен од лошиот живот... Околу мојата несреќна глава игра чизмата...“ Оваа пасторала е забележана во историјата на европската книжевност: за неа познатиот историчар Крајзенах рекол дека таа е претходник на Шекспировото дело „Сон на летната ноќ“.Георги Сталев, „Марин Држиќ (1508-1567)“, во: Марин Држиќ, Шега со Станец. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 10. Георги Сталев, „Марин Држиќ (1508 – 1567)“, во: Марин Држиќ, Шега со Станец (Новела од Станца). Кочо Рацин, Скопје, 1959, стр. 8-9.
Наводи
Категорија:Дела на Марин Држиќ Категорија:Пасторали Категорија:Ренесансна книжевност Категорија:Хрватски драми