Свети Ѓорѓи — главна селска црква во валандовското село Брајковци, Македонија.
Местоположба
мини|300п|лево|Поправки на црквата по земјотресот во 1931 година
Црквата е изградена на едно возвишено место на крајот од селото, на југоисточната страна. До нејзе води земјен пат, меѓу последните куќи во селото.
Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.
Историја
Старата црква, пред земјотресот од 1931 година, според народното предание, била изградена во втората половина на XIX век, пред 1870 година од папрадиштанецот Андон Китанов.
На неа имало натпис, што се наоѓал над главната влезна врата, кој по извршените поправки на објектот (по земјотресот), бил уништен.
Архитектура
Тоа е ниска и недоволно угледна архитектурна градба, чиј влез во внатрешноста на храмот се наоѓа на јужната страна.
Според архитектурната форма, црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани, од кои средниот ги надвишува двата странични кораба. На средината на централниот кораб има насликано икона со претстава на Исус Христос Седржител. Осветлена е преку четири прозорци во наосот (по два на јужниот и северниот ѕид). Црквата има влез и од западната страна. Од јужната страна има отворен трем.
Фрескоживопис
Црквата не е живописана.
Иконостас
Иконите во црквата датираат од XIX век.
Галерија
Поврзано Брајковци Повардарска епархија Гевгелиско архијерејско намесништво Валандовска парохија
Наводи
Надворешни врски
Брајковци Категорија:Дела на Дебарската школа