Дувало, позната и како Коселска Чадилка — чадилка, остаток од некогашниот активен вулкан што се наоѓа во близина на селото Косел, во сливот на Коселска Река, која се влева во Охридското Езеро.
Надморската висина на фумаролата е 740 метри. Тоа е кратер со пречник од 0,5 метри и длабина од околу 30 сантиметри од кој избива сулфур диоксид и јаглерод диоксид.Се активира вулканот во Косел на семрежната страница на Нова Македонија Мирисот на сулфур се чувствува во пречник од околу три километри. Дувало е заштитено како споменик на природата.
Косел во поранешна Југославија во учебниците по географија за основно образование бил опишан како ретка геолошка појава, единствен активен вулкан на Балканот. Според Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, Дувало не е вулкан, тука немало излевање на магма, туку пукнатина од која излегуваат гасови.
Историја
Солфатарата низ историјата станала култно место во Охридско. Поради лечење на кожни болести тука доаѓале луѓе и од другите оддалечени краеви на државата. Исто така, мештаните потврдуваат дека поради споменатиот сулфур во воздухот, селото било поштедено од маларични комарци и маларија, која била редовна појава во другите села.
Галерија
Поврзано Сулфат Вулкан
Наводи
Литература
Повеќе автори (1968): Мала енциклопедија Просвета, Просвета, Београд; књига 1 (А-Љ)
Надворешни врски
„Дувало“ кај селото Косел Duvalo (Kosel) Natural Monument геолокалитетот Дувало
Категорија:Географија на Македонија Категорија:Вулкани Категорија:Косел