Горноџумајска Котлина, служб. Благоевградска Котлина (; до 5 мај 1950 г. ) — котлина во Пиринска Македонија, во поречието на реката Струма.

Физички одлики Котловината е длабоко налегната по раседните линии меѓу планините Рила на исток и Влаина на запад. На север чрез Кочериновската Клисура на Струма се поврзува со јужниот дел на Дупничката Котлина (Бобошевско Поле), а на југ преку Орановската Клисура — со Симитлиската Котлина. Најголемата должина на котлината во правец север-југ изнесува 8 км, а ширината ѝ е 4 км. Зафаќа површина од . Средната надморска височина изнесува 350 м.

Геологија Котлината е образувана во текот на плиоценот со потонувањето на раседите. Дното ѝ е покриено со насложно-собирни наноси, а пограничните делови се плиоценски и водотечни наслаги. Голем дел од котлината е зафатен со разлеаниот наносен конус на реката Горноџумајска Бистрица. Во подрачјето на Горна Џумаја извираат минерални води со температура од и проточност од околу 100 м3/сек.

Клима Климата е умереноконтинентална со средоземно влијание. Средната годишна температура изнесува (Г. Џумаја), средната јануарска е , а средна јулска е . Средните годишни врнежи изнесуваат 517 мм.

Хидрографија Котлината се одводнува од реката Струма и долните теченија на нејзините притоки Горноџумајска Бистрица (лева) и Логодашка Река (десна). Почвите се претежно циметни шумски и наносни, кои заедно со поволните климатски услови го овозможуваат одгледувањето на тутун, зеленчук, овошје, лозја и развитокот на сточарството.

Населени места Во котлината има еден град и седум села: Горна Џумаја (буг. Благоевград) Ајдарово (буг. Изгрев) Бело Поле Делијазмино (буг. Зелендол) Крџево (буг. Б’лгарчево) Моштанец Покровник Хасарлак (буг. Рилци)

Сообраќај Од север кон југ, во потег од 8,7 км минува дел од првокласниот пат бр. 1 од Државната патна мрежа Видин – Софија – ГП „Кулата“.

Од исток кон запад, од Горна Џумаја до с. Делијазмино, во потег од 3,8 км минува дел од третокласниот пат бр. 106 од Државната патна мрежа Горна Џумаја – ГП „Логодаж“ („Станке Лисичково“).

Напоредно на првокласниот пат проаѓа и дел од трасата железничката линија Софија – Горна Џумаја – Кулата.

Поврзано Неврокопска Котлина Светиврачко-петричка Котлина

Наводи

Енциклопедия България, том 1, Издателство на БАН, София, 2011, стр. 282. Мичев, Н и Ц. Михайлов, И. Вапцаров и Св. Кираджиев, Географски речник на България, София 1980 г., стр. 49 – 50. http://alba-books.com/alba-books/index.php?route=product/product&product_id=7581

Надворешни врски Лист од карта К-34-71 , Размер: 1:100 000. Лист од карта К-34-83 , Размер: 1:100 000.

Категорија:Географија на Пиринска Македонија Категорија:Котлини во Бугарија Котлина