Стрелец — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2014 година.

Опис Лице На лицето од парата е прикажана украсна композиција како симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Прикажан е грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот Систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2014“ и ознаката „Ag925“.

Опачина На опачината од парата е прикажан портрет на млада девојка којашто стрела со лак и стрела и соѕвездие коешто му одговара на хороскопскиот знак Стрелец, насликано на вметнато кобалтно стакленце и опкружено со украс. На долниот дел се прикажани симболот на хороскопскиот знак „Стрелец“ отпечатен на цел и името на хороскопскиот знак на латински јазик. Одредени елементи на релјефот се насликани со злато.

Поврзано Стрелец (хороскопски знак) Стрелец (соѕвездие)

Наводи

Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ