Свети Никола Чудотворец — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2016 година.

Опис Лице На лицето, во горниот дел од монетата се прикажани Грбот на Република Македонија, натписот „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање - „2016“. Во средишниот дел на монетата, од лево е претставена слика на базиликата „Св. Никола“ во Бари, Италија. Долу е прикажан мозаикот од влезот на руската православна црква „Св. Никола“ во Бари. Од десно се статуата на Свети Никола во катедралата „Св. Исак“ во Санкт Петербург, ознаката „Ag925“, како и масата на монетата „31.1 г“. На долниот дел е испишан називот „Република Македонија“ на македонски јазик.

Опачина На опачината, во средишниот дел од монетата е претставен гравиран и насликан портрет на Свети Никола Чудотворец врз основа на иконата во црквата „Св. Серафим Саровски“ во Санкт Петербург. Под портретот стои натписот: „Свети Никола Чудотворец“ (на руски јазик).

Поврзано Свети Никола

Наводи

Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ