Вага — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2014 година.

Опис Лице На лицето од парата е прикажана украсна композиција како симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Прикажан е грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот Систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2014“ и ознаката „Ag925“.

Опачина На опачината од парата е прикажана вага со два крака. Едниот тас од вагата е исполнет со монети врз кои седи пеперутка. На местото на другиот тас е вметнато кобалтно стакленце на кое е претставена слика на соѕвездието Вага. На долниот дел се прикажани симболот на хороскопскиот знак Вага отпечатен на тег и името на хороскопскиот знак на латински јазик. Одредени елементи на релјефот се насликани со злато.

Поврзано Вага (хороскопски знак) Вага (соѕвездие)

Наводи

Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ