Девица — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2014 година.
Опис Лице На лицето од парата е прикажана украсна композиција како симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Прикажан е грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот Систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2014“ и ознаката „Ag925“.
Опачина На опачината од парата е прикажана слика на девојка на небесна нишалка и соѕвездието коешто му одговара на хороскопскиот знак Девица, насликано на вметнато кобалтно стакленце и опкружено со украс, цвет со симболот на хороскопскиот знак „Девица“ и името на латински јазик.
Поврзано Девица (хороскопски знак) Девица (соѕвездие)
Наводи
Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ