Песјак — средновисока планина во Западна Македонија којашто претставува јужна огранка на масивот Добра Вода. Планината има меридијански правец на протегање и се наоѓа меѓу Кичевската Котлина на запад, областа Порече на исток, течението на реката Треска на југ, додека на север постепено преминува во повисоката планина Челоица. Највисок врв е Јошков Камен со височина од 1.917 м, а меѓу другите врвови се издвојуваат Старци (1.897 м), Коњарник (1.876 м) и Седлар (1.772 м). Од геоморфолошкиот состав, најизразен е карстниот релјеф.
Галерија
Поврзано Добра Вода Список на планини во Македонија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Планини во Македонија Категорија:Географија на Македонски Брод