Илка Василеска позната како Илка Присаѓанка (Псевдоним: Божана) (моминско: Богоева; во — во Никифорово) — македонска шивачка, комунистички деец и организатор на НОБ.

Животопис

Илка била шивачка. Од 1939 година била активна во напредното работничко движење во Прилеп. Се движела меѓу напредната младина и членовите на УРС-овите синдикати, слушала предавања во „Трезвената ложа“ и била член на месното КУД „Коста Абрашевиќ“ (1940 година).

Истата година е учесник на познатите „Илинденски демонстрации“ во Прилеп. Станала член на КПЈ во 1941 година и член на МК на КПЈ во Прилеп во март 1942 година. Најпрво членувала во тутунскиот актив, а потоа во шивачката келија во која била одговорна по партиската техника. Во нејзиниот дом се одржувале илегални состаноци и престојувале илегалци, па за таа цел била направена и специјаллна скривница. По апсењето од бугарската полиција (мај 1942), поради недостиг на докази, била ослободена. По повторното апсење на 10 септември 1942 година, била интернирана на шест месеци во Бугарија (до мај 1943 година), а по враќањето се приклучила во единиците на НОВ и ПОМ. На 5 септември 1943 година заминала во партизани, а од крајот на септември станала инструкторка во првиот областен комитет на КПМ. Во тоа својство илегално престојувала во Кичево и Гостивар. Извесно време работела во Партизанската печатница „Гоце Делчев“, посебно во подрачјето на Гостивар и Гостиварско.

Смрт

Враќајќи се од состанок на Првиот областен комитет на КПМ од базата во Кременчук, наишла на балистичка заседа, и за да не биде заробена, се самоубила.

Една улица во нејзиниот роден град е именува по неа.

Наводи

Литература

„Последниот рафал на Илка Присаѓанка“, „Просветена жена“, Скопје, октомври 1963, 11; Нуфре Јовановски, „Активноста на Илка Василеска-Присаѓанка-Божана во Гостиварско, Мавровско и Кичевскиот регион“, Прилеп и Прилепско во НОВ 1943 година, кн. втора, Скопје, 1981, 95-106. С. Мл.

Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Македонски дејци Категорија:Никифорово Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ