Франческо Винсент Серпико (на ; роден 14 април 1936) — поранешен полициски службеник и детектив во Полицискиот оддел на градот Њујорк. Тој е познат како свиркач на полициската корупција во доцните 1960-ти и раните 1970-ти. Неговите напори го поттикнале Џон Линдзи, тогаш градоначалник на Њујорк да ја формира Кнап Комисијата која работела на истрага во њујоршката полиција. Неговата слава особено се зголемила со филмот Серпико, заснован на книга од американскиот новинар Питер Маас за биографијата на Франческо во кој главната улога ја играл Ал Пачино, кој со неа бил номиниран за Оскар.

Наводи

Категорија:Родени во 1936 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Њујорк Категорија:Италоамериканци