Скопски земјотрес од 1963 година — природна катастрофа што го погодила градот Скопје на 26 јули 1963 година во 5 часот и 17 минути. Земјотресот е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија, со измерени 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала). Траел 20 секунди, со помали потреси до 5 часот и 43 минути.„Скопје, Катастрофа што го возбуди целиот свет“, Јован Пешиќ, Народна задруга (Панде Ташковски), 1963 г., Скопје

Според службите за идентификација на жртвите на истиот ден, под урнатините животот го загубиле 1.070 граѓани, од коишто 478 мажи, 430 жени и 162 деца. Овие податоци не се земени како дефинитивни поради веројатноста дел од жртвите да биле веќе погребани од своите роднини пред да ги евидентира Службата. Точната евиденција за повредените била вкупно 2.900 луѓе, од кои што 1.110 биле тешко повредени (преку 300 од нив се уште биле згрижени и до месец и половина во болниците и клиниките), а околу 800 луѓе останале инвалиди. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000.

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики, а неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале градот да се изгради повторно, поради што го носи и епитетот „град на солидарноста“.

За првпат во периодот на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, американски и советски воени сили заеднички им помагале на скопјаните.

Неколку месеци порано во Скопје настанала поплава од катастрофални размери, којашто уништила многу материјални добра, иако во самиот град поминала без човечки жртви. Буицата на реката Вардар ги срушила куќите на неколку стотици скопјани. Овој настан се смета за предвесник што хипотетички придонел за Скопскиот земјотрес.

Минати земјотреси и други катастрофи Во својата долга историја, Скопје повеќепати пропаѓал и одново се раѓал. Времето на постанокот на градот, како еден од најстарите и најважните на Балканот, не е точно утврдено. Првите траги на Скупи се пронаоѓаат во прастарото илирско доба. Развитокот на најголемиот град на Вардарот со сигурност може да се следи од времето кога Римјаните ја освојуваат Македонија, па на просторот помеѓу селата Злокуќани и Бардовци го изградиле моќниот град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија, која што влегла во состав на големата римска провинција Мизија (супериор). Скупи станал база на Седмиот римски легион, град којшто играл голема улога во пространата Римска Империја, стратешки и трговски центар, клучно средиште на поголемиот дел на западна Илирија.

Историјата на Скопје, според разни записи на летописи, е исполнета со пожари, поплави и воени опустошувања. Регионот околу реката Вардар, е зона со висока сеизмичка активност. Во минатото, Скопје двапати бил целосно разрушен од земјотреси: во 518 година, кога бил уништен под тогашното име Скупи, и во 1555 година. Старите хроничари не го запишале точниот број на човечки жртви во првиот и вториот земјотрес.

Прв Скопски земјотрес во 518 г. Во 518 г., Скупи бил наполно разурнат од земјотрес. Катастрофата што ја опустошила провинцијата Дарданија, со епицентар во Скупи, ја опишува хроничарот Марцелин Комес. Тој запишал дека во провинцијата Дарданија:

Тој понатаму тврди дека во земјата се појавила пукнатина долга околу 45 км, а широка 12 стапки. Метрополата Скупи била срушена до темел, но жителите не настрадале, затоа што пред катастрофата побегнале од градот зошто имало непријателска наезда од напаѓачи. Според описот на Комес, преживеаните жители на Скупи подигнале нов град во близината на нивните домови и храмови низводно по текот на Вардар - на местото на денешно Скопје.

Период до Вториот Скопски земјотрес До нов расцут на Скупи дошло во времето на Византискиот цар Јустинијан Први, којшто според некои записи е роден во селото Таор коешто е во близина на Скупи. По неговата смрт, Словените се населуваат на Балканот, а во 695 г. го освоиле и Скупи којшто го преименувале во Скопје. Во овој период, Скопје почнало нагло да се развива и да воспоставува трговски врски со соседните градови.

Во 1081 г., во Скопје продреле Норманите и го опустошиле.

Српскиот крал Стефан Урош II Милутин, го освоил Скопје заедно со северниот дел на Македонија, а српскиот цар Душан Стефан во 1343 година го претворил Скопје во своја престолнина.

При крајот на XIV век, на 19 јануари 1392 г., Скопје бил освоен од Отоманската Империја по што го сменил името во Ускуб. Вук Бранковиќ, кој извесно време владеел со Скопје, бил принуден да им го предаде на Турците.

Во 1413 г., Скопје бил разорен по наредба на султанот Муса, а во 1438 г., по наредба на султанот Мурат, обновениот град бил запален по што изгореле многу луѓе, според пишаното во тогашните летописи.

Втор Скопски земјотрес во 1555 г.

Во 1555 г. се случил Вториот катастрофален земјотрес, што скоро сосема го срушил Скопје.

Во својата понова историја, Австрискиот генерал Пиколомини, на 26 октомври 1687 г., ја одбележал својата краткотрајна победа над Отоманците со страшен пожар, којшто уништил голем дел од Скопје, за потоа во градот да завладее и чума од која на 9 ноември истата година, умрел и самиот Пиколомини.

Статистички податоци за Скопје непосредно пред земјотресот мини|350п|Старата скопска железничка станица, пред 1963 г. мини|350п|Офицерскиот дом. мини|350п|Црквата Св. Константин и Елена (слика од 1951 г.). мини|350п|Куршумли ан пред земјотресот. мини|350п|Местото на денешен ГТЦ.

До ослободувањето на Скопје во 1944 г., градот бил економски поизграден и поразвиен од другите македонски градови, но и покрај тоа, бил град без индустрија, без вистински градски живот, во којшто преовладувале занаетчиско-чаршиските и административно-чиновничките елементи.

Урбанистичкиот план во тој миг бил слободен за изведба и едноставен бидејќи многу мал број на згради, кои веќе постоеле, можеле да се вклопат во новата замисла. Така, урбанистите имале одврзани раце да го планираат градот. Изградбата се одвивала брзо, па Скопје доживеал и брзо развивање во многу области на животот од било кој друг голем град во поранешна Југославија.

Население и инфраструктура Скопје бил административен центар и основен носител на стопанската моќ на СР Македонија, во кој што биле сконцентрирани основните институции, од кои што потекнувале и се остварувале врховните функции на општествената и државна заедница.

Околу 1/7 од целокупното население на СР Македонија живеело во Скопје според статистичките информации од 30 јуни 1963 г., или 198.153 жители. Привремено присутните жители се движеле од 12.000 до 20.000 што значи дека по бројот на жители до утрото пред земјотресот, Скопје се сметал за трет град по големина, развиеност и вложување во поранешна Југославија.

Според истата статистика, во градот имало 39.516 станови со вкупно станбена површина, вклучувајќи ги и 3.912 станови во изградба, со станбена површина. Од 1945 до 1961 г., се изградени околу или 41 % од станбениот фонд. Од 1961 до 1963 г., се изградиле околу 9.000 станови, со што од вкупниот станбен фонд 45 % припаѓале во општествено својство и 55 % на поединечни сопственици. Просечно, на секој жител на Скопје му припаѓале околу станбена површина, а секое семејство броела околу 4,1 член, што значи дека градот броел околу 48.330 домаќинства. Од вкупниот број на домаќинства, во засебни станови живееле 76,5 % од жителите, додека 23,5 % живееле во деливи станови.

Економија и стопанство Скопје претставувал околу од стопанската моќ, т.е., 35 % од индустриските капацитети, 77 % од градежните капацитети, 84 % од сообраќајните капацитети, и 50 % од трговските, занаетчиските и угостителските капацитети на СР Македонија. Најголем дел од крупните претпријатија во државата, или 40 %, се наоѓале во Скопје.

Ваквата концентрација на економски потенцијал била проследена и со кадровата моќ. Од околу 11.000 стручњаци со високо и вишо стручно образование во Македонија, во 1963 г., во скопје работеле околу 6.000 од нив, или околу 55 %. Од вкупниот број на квалификувани работници, 38 % работеле во Скопје.

Во градот се наоѓале околу 42,5 % од вкупната вредност на активните основни средства во државата. Во 1962 г., стопанството во Скопје остварило приход од 238.000.000.000 динари, или 54,3 % од вкупниот приход во СР Македонија. Изградбата на индустрискиот комплекс „Железарница“, хемиските комбинати „Билјана“ и „Ацителенка“, заедно со темелната реконструкција на разни постојни индустриски погони во тек, до 1967 г. ќе го направела градот значаен индустриски центар и во границите на поранешна Југославија. Со изградбата на „Билјана“ и „Ацителенка“ до 1964 г., било проектирано дека ќе го зголемат годишниот бруто домашен производ на Скопје за над 20.000.000.000 динари.

Култура и образование

Скопје се сметал за најголем културно-просветен центар, и најголем спортски центар во СР Македонија, како и еден од најголемите градови во поранешна Југославија во којшто, во тој момент, биле сконцентрирани најзначајните културни институции:

Три професионални театри од коишто еден од нив, покрај драмски ансамбл, изведувал опера и балет; Радиостаница со 18-часовна дневна програма; Редакции на еден дневен весник и повеќе неделници и списанија; Историски музеј; Археолошки музеј; Природонаучен музеј; Етнолошки музеј; Градски музеј; Народна-универзитетска библиотека со околу 500.000 книги и 52 помали библиотеки со 130.000 книги; Уметничка галерија; Филхармонија; Две филмски производни претпријатија и еднo дистрибутивно претпријатие; Петнаесет кина со 8.200 седишта; Народен универзитет и Работнички универзитет; други разни институти, и културни и научни установи.

Градот стекнал и епитет како „град на ученици“, зошто во просек секој негов трет жител, сметајќи ги и студентите, посетувал некое редовно училиште.

Пред земјотресот, во Скопје постоеле 32 основни училишта со преку 1.000 оделенија со вкупно 36.585 ученици. Градот имал и 22 училишта од втор степен, или 4 гимназии, 10 средни стручни училишта, 4 средни уметнички училишта, и 4 за наставен кадар со вкупно 13.772 ученици. Наставата во скопските основни и средни училишта ја изведувале преку 2.000 просветни работници. На територијата на СР Македонија, во учебната 1962/63 г. работеле 80 средни училишта.

Скопје го заземал третото место во Југославија (по Белград и Загреб) и по развиеноста на високото и вишо образование. Иако бил еден од најмладите југословенски универзитети, Скопскиот универзитет годишно произведувал околу 1.000-1.200 дипломирани стручњаци во стопанството, културата, науката и општествените служби. Во учебната 1962/63 г., во седумте факултети и четирите виши училишта во градот, студирале вкупно 13.000 редовни и вонредни студенти, додека наставата во Универзитетот ја изведувале околу 650 постојани и хонорарни професори и асистенти.

Скопскиот универзитет, во тоа време, за 15 години постоење успеал да го консолидира наставниот и асистентски кадар, во основа решавајќи еден од своите најтешки проблеми. Била создадена и цврста материјална основа за работа на факултетите и институциите на Универзитетот. Биле додадени два отсеци на Техничкиот факултет, и доделени простории за Земјоделско-шумарскиот и Хемискиот институт.

Капацитетите на двата студентски домови не биле доволни, со околу 2.000 студенти кои престојувале во нив, и притоа не било предвидено познато проширување на просторот за сместување.

Убедлив доказ за напредокот на научната дејност на Скопскиот универзитет биле бројот на научните монографии, одбранети докторски дисертации и печатени прилози во факултетските зборници и списанија, како и многубројните научни врски и соработка со универзитети и научни институции во поранешна Југославија и останати земји.

Здравствени, социјални и комунални капацитети