Беглербеговски тунел (турски: Beylerbeyi Sarayı Tüneli) — историски тунел под Беглербеговскиот дворец во населбата Бејлербеј во округот Усќудар во Истанбул, Турција, кој ги поврзува Усќудар со Бејлербеј и Ченгелќој.
Нарачан од османлискиот султан Махмуд II (владеел 1808-1839) во 1829 година и завршен во 1832 година, тунелот се наоѓа под еден рид на азиската страна на Босфорот, каде денес се наоѓа градина која е во склоп на Беглербеговскиот дворец.
Тунелот со висина од 2,90 метри служеше до 1970-тите. По неговото затворање се користел како музејско и изложбено место.
На 19 септември 2016 година, тунелот повторно бил отворен за сообраќај, со цел да се олесни сообраќајниот метеж на крајбрежниот пат во областа под Босфорскиот Мост.
Наводи
Категорија:Тунели во Истанбул Категорија:Усќудар