ФК Фулам е професионален фудбалски клуб од Фулам, Лондон, Англија. Моментално се натпреварува во Премиер лигата, највисоката лига по ранг во англискиот фудбал.
Клубот е основан во 1879 година и претставува најстариот професионален фудбалски клуб од Лондон кој заиграл во фудбалската лига.1879 according to the club history on the official website and 1886/7 according to 'How a church's cricket and football club became Fulham Football Club' – Morgan Phillips 2007. Досега, клубот има поминато 26 сезони во највисокото ниво на англискиот фудбал, а поголемиот дел од нив во два периоди во текот на 1960-тите и 2000-тите години. Во текот на 1990-тите клубот играл во четвртата англиска дивизија, меѓутоа веќе на почетокот на новиот милениум експресно се вратиле во првата лига. За тоа бил најзаслужен египетскиот милионер Мохамед Ал-Фајед кој го преземал Фулам во најлошиот период од клупската историја (1994-1997) и успеал да спречи финансиска пропаст, за веќе во наредните четири години клубот да забележи четири последователни промоции во периодот од 1997 до 2001 година и да влезе во Премиер лигата. Во сезоната 2002-2003, Фулам дебитирал во европските натпреварувања каде го освоиле Интертото купот (победувајќи ја по двата финални натпревари Болоња со вкупен резултат 5-3) и така се избориле за настап во Купот на УЕФА. Во ова натпреварување поминале два круга, меѓутоа во третиот ги сопрела екипата на Херта. Во својата историја Фулам одиграл две важни финалиња: првото во 1975 година во ФА купот каде загубиле од со 2-0 и во 2010 кога загубиле од Атлетико Мадрид со 2-1 по продолженија во УЕФА Лига Европа.
Својте домашни натпревари ги игра на стадионот Крејвен Котиџ, кој е со капацитет од 25,700 седечки места. Боите на клубот се белата и црната, а најчесто играат во бели дресови и црни шорцеви. Најголем соперник им е екипата на Челси.
Историја Фулам е основан во 1879 година како Фулам Сент Ендрјус Чрч Сандеј Скул ФК, од страна на верниците од црквата на Стар Роуд (Западен Кенсингтон). Во 1887 година клубот го освоил Западнолондонскиот аматерски куп, a во 1983 година ја освоил Западнолондонската лига.* http://www.lbhf.gov.uk/Directory/News/Blogs/Sir_Leslie_Bowker.asp Првиот дрес на клубот бил во црвена боја со бели шорцеви и чорапи. Откако промениле неколку терени на кој играле, во 1986 фудбалерите на Фулам се преселиле на Крејвен Котиџ, теренот кој и ден денес е нивниот домашен стадион. Првиот натпревар на овој стадион го одиграле против екипата на Минерва. Во моментов, Фулам е еден од најстарите клубови во јужна Англија кој игра на професионално ниво.
Професионалниот статус клубот го добил на 12 декември 1898 година, а истата година влегле во Втората Дивизија на Јужната лига. Во сезоната 1902-1903, избориле промоција во Првата Дивизија на Јужната лига.
Играчи Моментален состав
Тренери thumb|right|220px|Рој Хоџсон, менаџер на Фулам во периодот 2007-2010 thumb|right|220px|Скот Паркер, моментален тренер на Фулам ИмеОдДо Хари Бредшо19041909 Фил Келсо19091924 Енди Дукат19241926 Џо Бредшо19261929 Нед Лидел19291931 Џими МекИнтајер19311934 Џими Хоган19341935 Џек Пирт19351948 Френк Озборн19481949 Бил Доџин ср.19491953 Френк Озборн19531956 Даг Ливингстон19561958 Бедфорд Џизард19581964 Вик Бакингам19651968 Боби Робсон19681968 Бил Доџин јр.19691972 Алек Сток19721976 Боби Кембел19761980 Малком МекДоналд19801984 Реј Харфорд19841986 Реј Луингтон19861990 Алан Дикс19901991 Дон Макеј19911994 Ијан Бранфут19941996 Мики Адамс19961997 Реј Вилкинс19971998 Кевин Киген19981999 Пол Брејсвел19992000 Жан Тигана20002003 Крис Колман20032007 Лори Санчес20072007 Рој Хоџсон20072010 Марк Хјуз20102011 Мартин Јол20112013 Рене Меленстен20132014 Феликс Магат20142014 Кит Сајмонс20142015 Славиша Јокановиќ20152018 Клаудио Раниери20182019 Скот Паркер2019
Титули и успеси Прва дивизија (второ ниво) (2) : 1948-1949, 2000-2001 Втора дивизија (трето ниво) (2) : 1931-1932, 1998-1999 Јужна лига (2) : 1905-1906, 1906-1907 УЕФА Интертото куп (1) : 2002
останати успеси ФА Куп финалист : 1975 УЕФА Лига Европа финалист : 2010
Наводи
Надворешни врски Официјална страна Фулам на официјалната станица на УЕФА Фулам на soccerway Фулам на soccerbase Фулам на transfermarkt
Фулам Категорија:ФК Фулам