Тони Ердман е германскo-австриска комедија-драма во режија, напишана и копродуцирана од Марен Аде. Главните улоги ги играат Петар Симонишек и Сандра Хилер.

Филмот, кој премиерно бил прикажан на Канскиот филмски фестивал, бил прогласен за најдобар филм од 2016 година од страна на Sight & Sound и други реномирани кино-списанија

Филмот освоил пет награди на 29-тиот европски филмски фестивал: најдобар филм (прва награда за филм во режија на жена), најдобар режисер, најдобар сценарист, најдобар глумец и најдобра глумица. Исто така ја освоил наградата ЛУКС на Европскиот парламент. Бил номиниран за најдобар филм на странски јазик на 89-то издание на Оскар, но изгубил од иранскиот филм Продавач.

Создавање Ликот на Винфрид бил делумно заснован на сопствениот татко на Аде, кој носел неколку лажни заби што му ги дале како подарок со кои тој често се шегувал. Таа исто така била под влијание на комичарот Енди Кауфман и Тони Клифтон.

Филмот бил снимен во Букурешт поради тоа што многу германски компании почнале да работат таму на крајот на комунистичката ера, при што многу странски консултанти биле испратени за „промена на системот" и им помогнале на стопанствениците да стекнат профит.

Наводи

Категорија:Филмови на германски јазик Категорија:Филмови од 2016 година Категорија:Германски филмови Категорија:Австриски филмови