KIC 9832227 — систем од контактна двојна ѕвеззда во соѕвездието Лебед, на растојание од 1.940 ± 30 светлосни години. Се смета и за затемнувачка двојна ѕвезда со орбитален период околу 11 часа. Во 2017 година, беше предвидено дека системот ќе се спои во 2022,2 (± 0,6 година), создавајќи сјајна црвена нова (LRN) со привидна величина 2. Новата ќе може да се набљудува со голо око во период од еден месец. Спојувањето на двете ѕвездени јадра се предвидува дека ќе создаде нова, пожешка, помасивна ѕвезда на главната низа. Сепак, преразгледувањето на податоците во септември 2018 година откриле грешка во предвидувањата со што се утврдило дека нема да има спојување.

Периодот на промени кај KIC 9832227 се забележува како станува се покус од 2013 година, што довело до предвидување за спојување во 2022 година. Во септември 2018 година, беше објавено дека првичното предвидување било засновано на погрешни податоци со изместување од 12 часа во една од податочните низи. ова покажувало дека периодот всушност се зголемувал до 2008 година. Причината за промената во периодот останува непозната, но се помала е веројатноста дека системот ќе се спои во предвиденото време.

Поврзано Сјајна црвена нова Ѕвезден судир

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Променливи ѕвезди од типот на W Голема Мечка J19291594+4637198 Категорија:Астрономски настани во блиска иднина