Избори за Уставотворно собрание биле одржани во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците на 28 ноември 1920 година. На изборите победила Демократската партија, освојувајќи 92 пратенички места од вкупно 419.Dieter Nohlen, Dolf Sternberger, Bernhard Vogel, Klaus Landfried (1969) Die Wahl der Parlamente und andere Staatsorgane, Walter de Gruyter, p783
Заднина мини|лево|Повик да се гласа за Радикалите Сè додека не бил донесен Уставот на Кралството СХС, во секојдневната политичка пракса владата се повикувала на поедини решенија од Уставот на Кралството Србија. Државноправниот провизориум е резултат на фактот што уставотворното собрание сѐ уште не донело нов устав за новата обединета држава. Општо изборно право било предвидено со Крфската декларација кое претходно постоело во Србија. На подрачјето на Кралството СХС биле наследени шест различни законодавства (србијанско, црногорско, турско, австриско, унгарско и законодавството на просторот на Босна и Херцеговина).
Додека Демократската партија била на власт, на кралот му бил доставен Указ со кој му било предложено распуштање на Привременото народно претставништво и распишување на избори за Уставотворно собрание. Кралевото одбивање да ги исполни барањата од Указот довело до оставка на Давидовиќ. Во текот на мандатот на Весниќ конечно биле решени споровите со соседните држави, со што дефинитивно биле решени утврдените граници на Кралството. Тоа било предуслов за создавање на изборни единици. Официрите, подофицирите и војниците немале право на глас. Право на избор имал секој маж со навршени 21 година, државјанин на Кралството кој најмалку 6 месеци престојувал во општината каде што живеел. Поради големиот број на неписмени, се гласало со куглици.
Резултати ПартијаГласови%ПратенициЈугословенска демократска партија319,44819.992Народна радикална партија284,57517.791Хрватска народна селанска партија230,59014.350Комунистичка партија на Југославија198,73612.458Сојуз на земјоделци-Самостојна селанска партија151,6039.439Југословенска муслиманска организација110,8956.924Словенечка народна партија58,9713.714Буњевачко-шокачка партија–Хрватска народна партија52,3333.313Југословенска социјалдемократска партија46,7922.910Хрватска земјоделска партија38,4002.47Џемиет30,0291.98Хрватска заедница25,8671.64Републиканска партија18,1361.13Хрватска партија за права10,8800.72Анте Трумбиќ6,5810.41Народно-социјалистичка партија6,1860.42Либерална партија5,0610.31Други12,1180.70Вкупно1,607,265100419Регистрирани гласачи/излезност2,480,62364.9–Извор: Nohlen et al. Од 39 места добиени од Сојузот на земјоделци-Самостојна селанска партија, 30 биле освоени од Сојузот на земјоделци и 9 од Самостојната селанска партија.
Од 13 места добиени од Буњевачко-шокачка партија-Хрватска народна партија, 9 биле освоени од Хрватската народна партија и 4 од Буњевачко-шокачката партија.
Наводи
Категорија:Избори во Југославија