Јелена Галевски (Белград, ) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Животопис Јелена Галевски е родена на 5 декември 1974 година во Белград. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Кирил Ристоски во 1998 година. Вработена е во Македонскиот народен театар од 2010 година.„Јелена Галевски “. Македонски народен театар.

Театрографија „Циркус Принтимпрам“ од Даниел Хармс, р. Александар Поповски, Театар мала станица, 1995; „МКС“ од Војдан Чернодрински, р. Сашо Миленковски, МНТ, 1995; Проститутката — „Едмонд“ од Дејвид Мемет, р. Синиша Евтимов и Наташа Поплавска, МНТ, 1997; „Среќата е нова идеја во Европа“ од Јордан Плевнеш, р. Владo Цветановски, Драмски театар - Скопје, 1997; Прва глумица — „Хамлет“ од Вилијам Шекспир, р. Владo Цветановски, Драмски театар - Скопје, 1998; „Една за по пат“, р. Синиша Евтимов, Салон 1919, 1998; Морин Фолан — „Мис на малиот град“ од Мартин мек Донах, р. Владимир Талевски, МНТ, 1999; „Македонски рулет“ од Љубиша Георгиевски и Богомил Ѓузел, р. Сашо Миленковски, Драмски театар - Скопје, 2007; „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ, 2009; „Животот е сон“ од Педро де ла Барка, р. Владо Цветановски, МНТ, 2012.

Филмографија Шила — „Самоуништување“, р. Ербил Алтанај, 1996; „Време на кометата“, р. Фатмир Кочи, 2008; "Убави", р. Мето Јовановски, 2008; „Скопје ремикс“, 2012; Гоца — „Еј“, р. Васил Христов, 2018.

Телевизиски серии "Куќен совет", ТВ Сител, 2008; „Народни приказни“, 2009; „Нов Свет“, Арт Улица 23; "Македонски народни приказни" р. ТВ Сител, р. Драган Велјановски, 2012.

Наводи

Надворешни врски

Биографија на Јелена Галевски , Македонски народен театар.

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски глумици Категорија:Глумци од Белград Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Глумци во Македонскиот народен театар Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје