Винсент Шу (, р. 1. октомври 1990 година) е американски натпреварувач во брзо решавање на Рубикова коцка. Шу има поставено неколку светски рекорди, вклучувајќи ги дисциплини како најмалку потези и едно решавање на 2x2x2 коцка. Тој моментално е директор и делегат за Светската асоцијација за Рубикови коцки (, WCA), преку која учествувал во организацијата на бројни државни и меѓународни натпревари. Претходно меѓу 2012 и 2015 година, Шу беше прв претседавач на Регулационата комисија за WCA заедно со Лукас Гарон. Во текот на неговиот мандат, правилникот за натпревари беше целосно ревидиран.
Личен живот Шу живее во Саратога, Калифорнија, САД. Освен со решавање на Рубикова коцка, тој се занимава и со друштвен танц. Неговото образование е во областа на статистиката и молекулатната и клеточна биологија на додипломско ниво од Калифорнискиот универзитет во Беркли, а за постдипломски студии има степени по биоинженерство (од Беркли) и по право и компјутерски науки од Стенфордовиот универзитет.
Наводи
Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Американци Категорија:Рубикова коцка Категорија:Апсолвенти на Калифорнискиот универзитет (Беркли)