Булгур (арапски: برغل‎ bourghoul) – храна од жита направена од издробени, провриени зрна различни видови пченица, најчесто дурум (цврста). Потеклото му е од Средниот Исток.

Особини

Булгурот често луѓето го мешаат со бунгурот, дробената пченица, кој за разлика од булгурот не се проварува. Булгурот е вообичаена состојка која се користи во кујните на Блискиот Исток и Средоземјето.

Има лесен, оревест вкус.

Булгурот се разликува во зависност од издробеноста. Може да биде лесно, средно и екстра сомелен. Најквалитетен булгур е оној кој е сомелен до еднолична големина на честичките.

Булгурот е признат како цело зрно од страна на Американското одделение за земјоделство.

Употреба во кујна

Булгурот не изискува готвење, иако може да е дел од готвените јадења. Потребно му е само потопување во вода.

Грубиот булгур се користи за правење готвени јадења, додека средните и фините зрна се користат како житарки за појадок, салати како што се кисир, пилав, леб, како и за десертни пудинзи.

Кашата од булгур е слична на фрумент, испукана пченична каша која била основа на средновековната кујна.

Може да се користи и како додаток на други јадења на ист начин како тестенините или оризот. Некогаш луѓето го мешаат со ориз бидејќи има сличен изглед иако тесктурата е различна.

На Кипар е познат како „пуркури“ и се користи за подготовка на „κούπες“ (кои на кипарски турски се нарекуваат „булгур кофтеси“) и разни видови киба.

Наводи

Категорија:Арапска кујна Категорија:Средоземна кујна Категорија:Сириска кујна Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Турцизми