Лојд Брукс Мајнор (, р. 25. мај 1957 година во Литл Рок, Арканзас, САД) е американски хирург, истражувач, просветител и академски административец. Од декември 2012 година, тој е декан „Карл и Елизабет Науман“ на Школата за медицина при Стенфордовиот универзитет. Претходно беше проректор за академски прашања на универзитетот „Џонс Хопкинс“. Мајнор, кој е експерт за внатрешното уво, е познат за класифирањето на дехисценцијата на горниот полукружен канал на увото, што претставува пореметување при кое дупка во черепот го воспалува каналот за рамнотежа во внатрешното уво. Во 2010 година, Мајнор го доби златниот медал од здружението „Проспер Мениер“ за подобрување на терапијата за Мениеровата болест со користење на гентамицин. Тој е член на Американскиот колеџ на хирурзи и Американската академија за отоларингологија - хирургија на глава и врат. Мајнор исто така е член на Националната академија за медицина на САД.
Наводи
Категорија:Родени во 1957 година Категорија:Американци Категорија:Хирурзи Категорија:Професори на Стенфордовиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Брауновиот универзитет