Мартин Јорданоски (, )Мартин Јорданоски на семрежното место на ТДМ – македонски филмски и театарски глумец.
Животопис Мартин Јорданоски е роден во Скопје во 1987 година, каде го завршил основното и средното образование. Од својата 14. година се занимава со глума. Се запишал на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Владимир Милчин и дипломирал во 2012 година. Се вработил во Театарот за деца и младинци.
Аматерски се занимава со жонглирање и магионичарство т.е. илузионизам.
Творештво Мартин Јорданоски преку 10 премиери и ги толкувал улогите на Могли, Капетан Кук, Мачорот во чизми, Страшилото, Данил Хармс и др.
Активен е на алтернативната театарска сцена со повеќе од 5 претстави. Има преку 30 детски концерти со Македонската филхармонија, а својот глас го позајмил во над 30 детски анимирани серии.
Од 2023 до 2024 година, е водител на емисијата за деца "Квиско" на МРТ 1.
ФилмографијаМартин Јорданоски на семрежното место на ИМДБ Година Филм Улога 2007 Сенки Дамјан 2013 Кошмар / 2013 Балканот не е мртов Револуционер 2014 До балчак Филип 2014 5+ фамилија Максимилијан 2019 Фамилијата Марковски Стефан 2020 Зоки Поки глумец во театар 2022 Снежана на крајот умира Стопанственик муштерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци