Петре Георгиевски (, Преспа, ) – македонски универзитетски професор, социолог.
Животопис Основно образование завршил во селото Љубојно, а учителска школа во Битола. Дипломирал социологија на Филозофскиот факултет во Белград во 1965 година. Завршил последипломски студии на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје во 1971 година. Докторирал од областа на социолошките науки на Филозофскиот факултет во Скопје, на тема „Влијанието на социјалната структура на студентите врз изборот на факултетот, меѓусебното другарување и успехот во студиите“ во 1981 година. Се вработил како асистент на ИСППИ во 1967 година, а потоа, во 1972 година на Филозофскиот факултет во Скопје. За редовен професор по предметите методологија на социолошки истражувања и социологија на образованието бил избран во 1987 година. Тој е еден од основачите на Одделението за социологија, подоцна Институт за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Бил декан на Филозофскиот факултет во Скопје (1985) и член на Претседателството на ЦК на СКМ (1986-1989). Објавил над 150 статии и повеќе книги од областа на социологијавлијанието на образованието врз социјалната подвижност во Македонија.
Творештво Социологија на образованието, Скопје, 2003.
Наводи
Категорија:Македонски социолози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски социолози Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје